НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Назор по 16. пораз на МЗТ Скопје во АБА лига: Покажавме неодговорност

0
By Нова ТВ on February 28, 2017 СПОРТ
Фото: aba-liga.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

МЗТ Скопје ја испушти првата меч топка да обезбеди опстанок во АБА лигата. „Металците“ загубија од Игокеа на домашен терен со 67:71 (по четвртини: 14:20, 24:20, 13:18, 16:13) во меч во кој победникот беше одлучен во самата завршница. Гостите од Лакташи се далеку од опасната зона и од ситуација да мораа да победат, но останаа „ладни“ во решавачките моменти. Страхиња Миќовиќ со 20 поени беше најефикасен играч на средбата, Дреновац го предводеше македонскиот шампион со 16.

„Игокеа во целост ја заслужи победата. Додека тие се бореа, ние покажавме неодговорност. Недозволиво е вака да се игра. Вината за овој пораз ја преземам јас. Навивачите и управата на клубот не заслужуваат да гледаат издание без борбеност и одговорност. Можам да разберам да има нервоза и да се греши, но не можам да нема борба. Уште два меча се пред нас и верувам дека ќе успееме да обезбедиме опстанок во АБА лигата“, истакна хрватскиот тренер во МЗТ Скопје, Анте Назор.

Фото: aba-liga.com

Тимот од СЦ „Јане Сандански“ и натаму има осум победи, една повеќе од Задар и Крка додека, пак, Игокеа со триумфот во Скопје се искачи на петтото место на табелата.

„Почетокот беше лош, како во одбрана така и во напад. Бевме под притисок дека мора да победиме и тоа се покажа како проблем. Направивме голем број на кардинални грешки. Игокеа одигра добро меѓутоа, може слободно да кажам, дека сами се победивме. Ние, кошаркарите, ја преземаме вината за поразот“, самокритичен беше Марко Симоновски по натпреварот во кој неговата екипа направи 17 грешки.

Пред МЗТ Скопје се два натпревара со црногорски противници до крај на основниот дел на сезоната. Најпрво ќе гостува во Подгорица кај екипата на Будуќност, а во последното коло го дочекува Морнар од Бар.

АБА лига Игокеа кошарка МЗТ Скопје
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025
ФОКУС

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

ВЕСТИ August 4, 2025

Во најновите руски напади извршени 405 напади врз 10 населени места во Запорожјето, а три…

Нови пожари над Богомила, кај Ваксинце, Дречевица и Грешница

August 4, 2025

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

August 3, 2025

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.