НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Европскиот парламент бара нова, стабилна, одговорна и реформска влада

0
By Нова ТВ on February 28, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент (ЕП) ја усвои предлог-Резолуцијата за Македонија со 54 гласoви за и осум против.

Предлог-Резолуцијата ја потврдува поддршката на процесот на пристапување на земјата во ЕУ и констатира дека изборите биле во согласност со меѓународните стандарди.

Текстот бара преглед на Охридскиот рамковен договор како што тоа го бара и Европската комисија во сите свои годишни извештаи.

“ЕП ги потсетува владините и партиските лидери на своите заложби за целосно спроведување на Охридскиот рамковен договор на инклузивен и транспарентен начин, да се заврши задоцнетиот преглед без натамошно одлагање, вклучувајќи ги и политичките препораки и да се обезбеди доволен буџет за негово спроведување. Се осудува секој облик на иредентизам и секој обид да се распаднат различни социјални групи и се нагласува важноста да се започне долгоочекуваниот попис без натамошно одлагање”, се бара во предлог-Резолуцијата.

Се бара исто така, како и досега, отворање на преговорите за членство со ЕУ:

“Регионалната соработка и добрососедските односи се суштински елементи на процесот на проширување, Процесот за стабилизација и асоцијација и процесот на пристапување на земјата, билатералните спорови не треба да се користат за да се попречи процесот на пристапување во ЕУ, ниту за отворањето на преговорите за членство, но да бидат соодветно опфатени во конструктивен дух и во согласност со стандардите на ЕУ и на ОН, а сите напори треба да водат кон одржување на добрососедските и меѓуетничките односи”, вели текстот.

Пратениците бараат и „формирање на нова, стабилна и одговорна Влада и транспарентна транзиција, во согласност со уставните и законските барања и постапки“.

ЕП стравува дека некоја партија би можела да го бојкотира Собранието па оттука со текстот се повикуваат сите партии во Македонија  „да се воздржат од какво било попречување во однос на ефективното функционирање на парламентот“.

Во текстот на предлог-Резолуцијата чиј автор е словенечкиот пратеник Иво Вајгл се употребува терминот „Македонија“ и „македонски“.

На 14 март предлог-Резолуцијата треба да биде усвоена на пленарна седница.

Резолуциите на ЕП немаат законска сила.

ЕП Иво Вагјл Македонија предлог-Резолуција
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Земјотрес од 5,9 степени по Рихтер го погоди Тајван

August 7, 2025

Американски војник уапсен поради обид за пренесување информации за тенкот Абрамс на Русија

August 7, 2025

Американската база Форт Стујарт во Џорџија е блокирана поради пукање, има ранети

August 6, 2025

ЕЦБ: Кинеската конкуренција ги потиснува работните места во еврозоната, особено во автомобилската индустрија

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025
ФОКУС

Вашингтон: Повисоките царини на Трамп стапија на сила, погодувајќи ги стоките од главните трговски партнери на САД

ВЕСТИ August 7, 2025

Повисоките царини на претседателот на САД, Доналд Трамп, кои се движат од 10 до 50…

Заврши средбата на Путин со Виткоф – траела три часа

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

Москва: Средба Путин – Виткоф

August 6, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.