Јувентус ќе патува со голема предност на „Сан Паоло“ во Неапол во полуфиналето во Купот на Италија. „Бјанконерите“ вечерва во Торино го совладаа Наполи со 3:1. Наполитанците поведоа со голот на Хозе Калјехон во 36 минута по што домашните возвратија на ударот со три гола во второто полувреме. Двапати од белата точка погоди Пауло Дибала во 47 минута и во 72 минута, меѓу најстрогите казни реализираше и Гонзало Игуаин во 64 минута.
Италијанскиот шампион имаа прилики и преку Манџукиќ и Лихтштајнер во првото полувреме и Кедира во второто, но Пепе Реина успеа да остане несовладан. И покрај неколкуте промашувања, сепак, Јувентус може да биде задоволен од постигнатото пред своите гледачи пред возратниот дуел на 5 април во Неапол.
Во вториот полуфинален двомеч ќе разигруваат римските ривали Лацио и Рома. Првиот меч на „Олимпико“ е закажан за утревечер (среда, 20.45 ч.), а домаќини се лацијалите.
Куп на Италија
Полуфинале, прв меч
Јувентус – Наполи 3:1
Лацио – Рома (среда, 20.45 ч.)