НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Јункер понуди пет сценарија за иднината на Европската Унија

0
By Нова ТВ on March 1, 2017 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, понуди пет можни сценарија за иднината на Европската Унија до 2025 година, кои се замислени како подлога за расправа во текот на оваа година, а не како готови решенија.

Јункер во Европскиот парламент претстави „Бела книга“ за иднината на Европа: размислувања и сценарија за ЕУ27 до 2025.

Јункер во својот говор рече дека досега расправата за иднината на ЕУ често водела во смисла на дилема „помалку или повеќе во Европа“, односно цврста или лабава унија, но дека таков пристап е погрешен.

Петте можни сценарија претставени во Белата книга се следни: да се задржи „статус кво“, ЕУ само како единствен пазар, Европа со повеќе брзини, ЕУ со помалку овластувања, но поефикасни, ЕУ која во повеќе подрачја ќе работи заедно.

За предложените сценарија треба да се изјаснат земјите членки, што не треба да се очекува пред да завршат многу важните избори во Холандија, на 15 март, потоа во мај претседателските избори во Франција, како и во септември парламентарните избори во Германија.

Јункер во својот говор за состојбата на Унијата во 2017 пред Европскиот парламент треба да ја резимира расправата и размислувањата на државите членки, а на самитот во ноември да се формулираат првите заклучоци.

„Белата книга“ е придонес на Комисијата за самитот кој се одржува во март во Рим. На тој самит би требало да почне процес на кој 27-те земји би требало да донесат одлука за иднината на Унијата.

Јункер најави дека Комисијата следните месеци ќе објави низа документи кои треба да послужат како подлога за расправата. Станува збор за документи кои ќе се однесуваат на: развој на социјалната димензија во Европа, продлабочување на интеграциите во економската и монетарната унија, документ за штетните последици на глобализацијата, како и за иднината на европската одбрана и иднината на европските финансии.

Европска унија Жан-Клод Јункер
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025

Иран: САД мора да ни ја надомести штетата пред новите преговори

July 31, 2025
ФОКУС

Честитки од државниот за Илинден

ВЕСТИ August 2, 2025

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод 2 Август, Илинден – Денот на Републиката, упати честитка до…

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Трамп ја намали царината за Македонија на 15 %

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.