НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Шведска воведува воен рок поради руските амбиции во регионот

0
By Нова ТВ on March 2, 2017 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Шведска денес најави повторно враќање на воениот рок од ова лето, 7 години откако земјата одлучи да го укине. Причина е развојот на безбедносната ситуација поради руските амбиции во тој регион.

Министерот за одбрана Петер Хултквист изјави денес за агенцијата АФП дека ова одлука е «дел од желбата да се зголеми воениот капацитет» а земјата е «во контекст во кој Русија направи анексија на Крим и изведува вежби во нашето соседство».

Во Шведска немало воен конфликт повеќе од две столетија и земјата не е членка на НАТО. Таа нема копнена граница со Русија но двете земји се граничат во Балтичкото море а Москва има база во Балтиск во регионот на Калининград.

Стравувањето од Русија во Шведска беше зголемено по влегувањето на неидентификувана подморница во архипелагот на Стокхолм во 2014 година.

Од 2014 година Русија, според шведските експерти, покажува дека е подготвена да употреби сила за своите интереси.

Во јуни 2015 година еден американски центар за анализа Сепа (Центар за анализа на европските политики) тврдеше во еден извештај за балтичкиот регион дека Русија подготвила 33.000 војници за окупирање на странски региони.

Повторното воведување на воениот рок беше одлучено со консензус помеѓу владата и опозицијата. Веќе во 2015 година тие се договорија да го зголемат воениот буџет на дополнителни 1,1 милијарда евра за периодот од 2016 година до 2020 година.

Шведска и нејзината сосетка Финска делат исти став околу одбрамбените прашања. Финска има 1.340 км копнена граница со Русија.

Финска и Шведска не се членки на НАТО. Во 2016 година овие две земји потпишаа договор за воена соработка со САД.

воен рок Русија Шведска
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.