НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

МАНУ: Партиите се одговорни за актуелните тензии

0
By Нова ТВ on March 3, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Претседателството на МАНУ е длабоко загрижено за актуелната политичка состојба во земјата, за долгата криза и продлабочувањето на меѓупартиските тензии во постизборниот период. Сето ова, според МАНУ, води кон понатамошно комплицирање на состојбите и продлабочување на поделбите меѓу граѓаните на Македонија. Граѓаните се наоѓаат во голема неизвесност за блиската иднина.

– Претседателството на МАНУ повторно укажува дека за надминување на кризата и враќање на земјата на патот на правната држава, ефективно функционирање на независни судски и други институции, владеење на правото и ослободување и раздвижување на евроатлантските интеграциски процеси, најголема одговорност носат политичките партии и нивните раководства, наведува МАНУ во дописот.

МАНУ смета дека кризата мора да заврши и да завршат сите обиди за поттикнување омраза, непријателство и закани за пресметки врз национална, етничка или политичка основа. Сите политички партии тоа мораат да го осудат но и сите медиуми. Потребна е  атмосфера на конструктивен, обединувачки и плодотворен дијалог.

Академијата посочува дека дебатите за клучните реформски приоритети на земјата и комплексот на прашања од областа на меѓуетничките односи треба да се вратат и одвиваат во институциите на системот, а разрешувањето на прашањата кои ги тангираат меѓуетничките односи, кои, како што наведува, во екот на кризата дополнително се политизираат и заоструваат, да се одвива во смирена и демократска атмосфера, без условувања, низ конструктивен дијалог, толеранција, транспарентност и заемно почитување на сите политички чинители, во согласност со постојниот Устав на Република Македонија, законската регулатива и меѓународните норми и стандарди.

– За содржината и уставната заснованост на секое понудено законско решение во оваа сфера, МАНУ ќе се произнесе тогаш кога таквите решенија ќе бидат доставени на јавен увид и расправа.  МАНУ очекува сите политички субјекти и државни институции да останат на рамништето на својата политичка и правна одговорност, воздржувајќи се од преземање какви било активности во правец на влошување на политичката криза, и својата декларирана определба, да им служат на народот, да ја изразат низ започнување неодложен меѓусебен отворен и јавен дијалог за стабилизација, демократски развој и забрзување на евроатлантските интеграции на Република Македонија, пишува  Претседателството на МАНУ.

криза МАНУ одговорност реакција
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.