Министерот за образование и наука Абдулаќим Адеми на својот Фејсбук профил ја објави оставката.
– Постапуваме по одлуката на претседателството на ДУИ, напиша Адеми.
Во докуметот што го објави во прилог на статусот пишува: Врз основа на одлуката на Централниот одбор на Претседателството на Демократската унија за интеграција давам неотповиклива оставка на функцијата министер за образование и наука во Владата на Република Македонија.
Оставката е примена во архивата на Владата.