Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Адеми: Не сакаме училиштата да бидат жаришта за ширење ковид-19

0
By Нова ТВ on May 4, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, May 4, 2020 21:26

Здравјето на учениците е клучно. Не сакаме училиштата да бидат жаришта за ширење на ковид-19. Јасно е дека не постои замена за наставата во училница, но во овој момент онлајн процесот е најсоодветен. Апелираме до сите наставници да продолжат одговорно и професионално да ја вршат својата работа, да дадат придонес за да се издигне овој начин на организирање на наставата над оптималното ниво“, рече министерот за образование Арбр Адеми во вечерашното гостување на „Топ тема“.

Адеми истакна дека се пропуштени само осум училишни денови од прекинот на наставата до воведувањето на одлуката за „далечинско онлајн учење“. Наставата, истакна првиот човек на МОН, добро се организира и одвива, обезбеден е бесплатен интернет за сите деца од социјално загрозени семејства, а обезбедени се и ИТ системи за сите ученици да имаат ист пристап до онлајн образованието.

„Не велам дека се е беспрекорно и дека овој начин на настава ќе го замени конвенционалниот, но мора да истакнам дека бевме меѓу првите држави кои брзо и навреме се организираше. Не се работи за успешност или неуспешност на учење од дома. Далечинското учење сега нема друга опција зашто воспитно-образовниот процес не може да се одржи во училиште. Наставата може да се реализира единствено на ваков начин. Одлуката да не се враќаат учениците до крајот на учебната година е преземена имајќи ги предвид инфoрмациите од Министерството за здравство, според чии препораки ние ги креираме образовните политики. Долго време зборуваме за тоа кога би се вратиле учениците во клупа, ги согледавме сите ифнормации и предложивме мерки. Ризикот од ширење на ковид-19 е намален, но постои. Не сакаме нашите деца да ги изложиме на каков било ризик. Како би барале социјална дистанца и дали таа ќе се почитува меѓу првоодделенците? – Нема ли тие да се гушнат со оглед дека не се виделе толку време“ рече Адеми.

Во врска со контролата на онлајн образовниот процес, посочи дека ја спроведуваат оперативните органи како што е Државниот просветен инспекторат.

„Инспекторатот врши надзори секој ден во основни и средни училишта кои во првите недели добија прашалници како се организира и реализира онлајн наставата. Информациите се доста охрабрувачки од терен. Повторно ќе кажам, бевме многу претпазливи кога ги донесовме уредбите, а и пристапот беше инклузивен“, истакна Адеми.

На прашањето за државната награда „Гоце Делчев“ нагласи дека Министерството за образование не се откажува од нејзиното доделување. Тој не чувствува одговорност за недоделувањето на наградата и лани и годинава. Оценува дека тоа е чиста коинциденција, како и дека нема никаква поврзаност со актуелните теми, амбиции и аспирации на нашата држава да биде членка на ЕУ.

„И лани и годинава се преземени чекори, треба и членовите на Комисијата да поминат на Собрание. Тука беше проблемот лани и затоа не беше доделена наградата. Сега немаме Собрание. Се надеваме час поскоро да имаме, дали преку избори или на каков било начин. Не се работи за откажување од наградата. Чиста коинциденција е, нема никаква поврзаност со актуелните теми, амбиции и аспирации на нашата држава да биде членка на ЕУ. Напротив, ние учествуваме на разни настани поврзани со личности од историјата на државата и во овој правец сме ги преземале чекорите и неопходните активности како институција за да се додели наградат и во овој правец и во иднина ќе ги канализираме нашите активности“, потенцира Адеми.

Арбер Адеми Коронавирус Образаование Онлајн настава
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026

Амбуланта во Украина има потреба од генератор: Како можете да помогнете

October 27, 2026

ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

October 26, 2026

Од долгите редици во Белград до високата излезност: ЦИВИЛ МЕДИА со теренски извештаи, видеа и анализи за изборите во Србија

October 25, 2026

Погледнете ги барем само студентите од Србија

October 24, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026

Амбуланта во Украина има потреба од генератор: Како можете да помогнете

October 27, 2026

ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

October 26, 2026

Од долгите редици во Белград до високата излезност: ЦИВИЛ МЕДИА со теренски извештаи, видеа и анализи за изборите во Србија

October 25, 2026

Погледнете ги барем само студентите од Србија

October 24, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.