Македонскиот фудбалски репрезентативец и капитен на Динамо Загреб, Аријан Адеми е неизвесен за гостувањето кај Шахтјор Доњецк во Лигата на шампиони.

Адеми, кој се здоби со повреда на глуждот на натпреварот со Словенија во Скопје, е под терапии, но повредата не е целосно санирана. Проценките за негов настап на стадионот на Металист во Харков се половични, а доколку настапи, тогаш ќе мора да прими инјекција против болки.

Тренерот на „модрите“, Ненад Бјелица, сепак, верува дека ќе може да смета на Адеми чие присуство на терен е од големо значење за хрватскиот првак.