Адеми во трка со времето: Шансите да заигра против Шахтjор во ЛШ се 50-50

Македонскиот репрезентативец, кој се здоби со повреда на глуждот на натпреварот со Словенија во Скопје, е под терапии, но повредата не е целосно санирана. Проценките за негов настап на стадионот на Металист во Харков се половични, а доколку настапи, тогаш ќе мора да прими инјекција против болки

Транспарент во мечот ПАОК – Ајакс во ЛШ: Македонија е една и единствена и овде е

Порака со ваква содржина е истакна на стадионот „Тумба“ во Солун, па останува да видиме дали овој дел од кореографијата на домашните навивачи ќе влезе и во бележникот на делегатот што ќе значи и поведување на дисциплинска постапка и парична казна за грчкиот клуб

Топ вложување: Џејмс вложи 7,3 милиони евра во Ливерпул, сега има 36

Кошаркарот на Кливленд. кој е голем фан на „црвените“, во 2011 година купи два отсто од акциите на клубот, а по пласманот на тимот од „Енфилд“ во финалето во Киев, вредноста на неговата инвестиција се зголеми петкратно

УЕФА: Финалето во ЛШ во 2019 година на новиот стадион на Атлетико М.

Објектот што чини 240 милиони евра беше отворен во минатиот викенд и има капацитет од 67,600 гледачи. Финалето во Лига Европа за сезоната 2018/19 ќе се одигра на 29 мај на Олимпискиот стадион во Баку, Азербејџан, а Суперкупот на стадионот на Бешикташ  на 14 август. Завршниот натпревар во женската ЛШ за таа сезона ќе биде во Будимпешта, на стадионот на Ференцварош