Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Адвокатката која го доби случајот за битолската „Јавна соба“: Жртвата ги загуби пријателите, работата и беше отфрлена од средината

0
By НОВА ТВ Terziova on June 7, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Пораки пратени на една личност не смеат да се даваат на увид и да се препраќаат на други лица, а особено ако се од интимна содржина, вели за НоваТВ, адвокатката Катерина Котеска која го доби спорот за битолската „Јавна соба“.

Нејзината клиентка била изложена на срам со јавно објавување на интимни фотографии, а чинот наместо да се осуди, бил предмет на јавен потсмев.

„Бидејќи во нашата држава живееме претежно во мали средини, за жал, пристапот кон оваа проблематика е малограѓански, па наместо да ѝ се даде помош и поддршка на жртвата, таа е осудена. Кога на една личност ќе ѝ биде злоупотребена довербата со објавување на лични пораки или слики со интимна содржина, нејзиниот живот се претвора во пекол“, вели Котеска.

Сите блиски, сакајќи да се заштитат себеси од срамот и осудата на средината, се повлекуваат и ја оставаат жртвата сама, а во ваква ситуација, додава Котеска жртвата е исплашена, засрамена и оставена самата на себе.

„Како адвокат, а најмногу како човек, сметам дека злоупотребата на довербата треба да е на прво место и да е најважна и истата да се казни, а не да се осудува жртвата и нејзиното однесување. Жртвата ги загуби пријателите, работата, а беше и отфрлена од средината. Од искуството со тој предмет, можам да кажам дека институциите сè уште немаат искуство и пракса за справување со оваа проблематика, што жртвата ја става на т.н. секундарна виктимизација, односно обраќајќи се за помош да наиде на потсмев и осуда“, дополнува адвокатката Котеска.

Кога се случило објавувањето на спорните фотографии, Котеска не се двоумела ниту секунда да го преземе случајот.

„За среќа, жената која ја застапував ме имаше мене цел процес, да одам по институции и да го неутрализирам обидот за потсмев и осуда, па на крајот да добиеме пресуда со која сторителот ќе биде казнет. Најважно е жртвата и сите потенцијални жртви да се заштитат од оваа појава. Секој, кој ќе сака да направи такво нешто да знае дека ќе биде и да биде казнет. Казната секогаш се определува согласно начинот на извршување на делото и личноста на сторителот“, додава таа.

На прашањето дали висината на отштетата во овие предмети може да ја залечи емоционалната рана на жртвата, таа вели дека не е тоа толку важно, најважно е овие лица да бидат заштитени.

Досега четиригодишна казна затвор добија обвинетите Дарко Костовски, основач и администратор на „Јавна соба“ и Михаил Пановски, администратор и модератор на групата. Судот им пресуди за кривичното дело „Производство и дистрибуција на детска порнографија“.

Маја Терзиова

адвокат Битола Јавна соба Катерина Котеска Македонија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.