Екипата на Есперанца ја освои титулата во африканската Лига на шампиони. Во финалниот двомеч, тунискиот состав беше подобар од Ал Ахли од Египет (1:3, 3:0) и по третпат во клупската историја го презеде континенталниот трон.
На тој начин Есперанца се промовира како петти учесник на Светското клупско првенство што ќе се одржи ос 12 до 21 декември во Обединетите Арапски Емирати. Досега на настанот се потврдија Реал Мадрид (Европа), мексиканска Гвадалахара (Северна и Средна Америка), новозеландски Велингтон (Океанија) и Ал Аин од Абу Даби.
Преостанатите две места се резервирани за шампионите на Јужна Америка (Бока јуниорс – Ривер Плата) и на Азија (јапонска Кашима Антлерс и Персеполис од Иран).