Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Агентите Алексовски и Тодоровски се под суспензија, Чулев сака да ги прибере во МВР

0
By Нова ТВ on February 2, 2020 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, February 2, 2020 11:54

Синиша Алексовски и Кирил Тодоровски се суспендирани од Агенцијата за разузнавање. Причината, со оглед на сензитивноста на институцијата, не се открива, но се поставува прашање дали суспензијата е поради прекршување на професионалниот кодекс во Агенцијата, но и дали тоа ќе значи одземање на нивните безбедносни сертификати?

Причините за покренување постапка против разузнавач може да биде за прекршување на дисциплина, за неисполнување на задачи, за оддавање доверливи информации, за соработка со странски служби, итн. Но, што навистина се крие зад нивната суспензија?

И двајцата се сметаат за вмровски кадри и двајцата наводно се наоѓаат на списокот на техничкиот министер Наќе Чулев за трансфер од Агенцијата во МВР. Покрај нив, уште неколкумина се подготвуваат да преминат во полицијата, а претходно тоа веќе го направија петмина. Од МВР засега молчат, но од Агенцијата за разузнавање за „360 степени“ ги потврдиле барањата на Чулев и петте веќе реализирани трансфери. Што значи околу 10 вработени од Агенцијата за разузнавање е можно да бидат пренесени во МВР.

Фото: telma.com.mk

Оваа ситуација наликува на ситуацијата од претходно, кога во 2006 година ВМРО-ДПМНЕ ја освои власта, во следните неколку години во полицијата ја направи истата грешка – ја наполни со вработени од разузнавачките служби, тогаш тоа беше изразено со военото разузнавање. Така и еден од креаторите на незаконското прислушување, Горан Грујевски, заврши во МВР.

Лошото искуство што го има државата со ваквото однесување на ВМРО-ДПМНЕ, кога станува збор за пополнување на полициската структура со доверливи кадри, воопшто не го премислува Чулев и на крајот тој сигурно ќе ги пренесе агентите во полиција. Претходно таквата концентрација на агенти во МВР придонесе за масовно следење на комуникациите на граѓаните.

Синиша Алексовски

Синиша Алексовски е познат на македонската јавност како советник за национална безбедност на поранешниот претседател Иванов. Неговото име се споменуваше во судница за настаните од крвавиот 27 април. Некои од обвинетите тврдеа дека им било соопштено оти Алексовски информирал дека претседателот ќе прогласи вонредна состојба во државата, што тој го демантираше. Како и да е, Алексовски не одговараше за упадот во парлементот и нападот врз пратениците.

Кирил Тодоровски, пак, е обвинет во досието „Титаник“ со издавањето лажни лични карти на гласачи со цел да се искористат на избори. Тој беше советник на Гордана Јанкуловска во МВР заедно со Ристе Ставревски, кој сега е поставен за началник на СВР Скопје од страна на Чулев, а чие решение за поставување не го потпиша заменичката министерка од СДСМ. Ако Тодоровски биде навистина преместен во МВР, тогаш Чулев ја продолжува праксата на ВМРО ДПМНЕ да ги рехабилитира истите кадри, иако некои од нив имаат обвинение за кривично дело.

Синиша Алексовски и Кирил Тодоровски

Дополнително, Тодоровски е обвинет за изборни измами токму од позицијата која ја извршувал во МВР во времето на Никола Груевски. Сега одново истиот човек е можно да се најде во полицијата во пресрет на избори. Каква гаранција може да биде тој за фер и чесни избори?

Истата дилема се поставува и за неговиот колега Ставревски од СВР Скопје. Пред неколку дена, медиумите објавија фотографии како тој седи на главната маса како модератор на партиски состанок на ВМРО-ДПМНЕ. Тодоровски и Ставревски се сметаат како едни од главните кои и помагале на Јанкуловска во местењето избори. Во судница се читаше нивна СМС комуникација, а во прислушуваните материјали беше објавена и снимка на Ставревски со Јанкуловска. Сето тоа потврди дека двајцата наместо со полициски, се занимавале со партиски активности.

Ристе Ставревски

Но, од тогаш до денес ништо не се променило и како Ставревски ќе гарантира безбедни, мирни и фер избори кога партијата му предничи пред државата? – И претходно напишавме дека зад изборот на Чулев за министер стои и Алексовски. Соработниците околу нив пренесуваат дека не само во полицијата и во Агенцијата, туку Алексовски има големо влијание и во самото ВМРО-ДПМНЕ, дури нагласуваат дека во моментов било поголемо и од тоа на унгарскиот азилант Груевски.

Агенти Кирил Тодоровски МВР Наќе Чулев Синиша Алексовски трансфер
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.