Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ахмети: Изборите се важни, потребен е консензус, но здравјето на граѓаните е пред сè

0
By Нова ТВ on May 18, 2020 ПОЛИТИКА
Фото: sitel.com.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Изборите се важни, но прво треба да имаме консензус за датумот и пред сè да се имаат предвид мерките од здравствените институции. Сепак, здравјето на граѓаните е пред сè, изјави претседателот на ДУИ, Али Ахмети по лидерската средба кај претседателот на државата Стево Педндаровски.

„Многу е битно во вонредна ситуација сите да сме одговорни и да сме согласни за постигнувањето на нашите цели. Ние сме многу свесни дека земјата е без Собрание, дека е со техничка Влада, но оваа ситуација е предизвикана од пандемијата и опасен вирус“, рече Ахмети, додавајќи дека на средбата биле разгледани документи од надлежните институции за ситуацијата и имало дебата од сите политички партии.

Сите политички партии, подвлече Ахмети, изразиле став дека „се загрижени за ситуацијата, треба внимателно да се следи и треба да се биде во комуникација со здравствените институции“. Тој нагласи дека е многу важно оваа ситуација да не се политизира или да се партизира заради, како што рече, политички цели.

На новинарско прашање како гледа на тоа што претседателот на Собранието, Талат Џафери кој не го свикува Собранието во оваа ситуација, Ахмети потенцира дека првиот човек на парламентот го почитува и не го прекршува Уставот и е во комуникација со правни и уставни експери.

Во однос на тоа што на 24 мај е Бајрам и најавите за тоа дека без разлика на одлуката дали ќе има 24 часовен карантин, џамиите ќе бидат отворени, ставот на Ахмети е дека многу е битно да се слушаат дирекциите и мерките дадени од здравствените институции.

Али Ахмети датум ДУИ избори лидерска средба
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Туск: Експлозијата на железничката пруга Варшава – Лублин е саботажа

November 17, 2025

Рударска несреќа во Конго – загинаа 49 рудари

November 17, 2025

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025
ФОКУС

Милано: Обвинителството во ја проширува истрагата „Сараево Сафари“

ВЕСТИ November 17, 2025

Обвинителството во Милано ја проширува истрагата за т.н. „Сараево Сафари“ – наводната организирана шема во…

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

November 16, 2025

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025
ТИКЕР

Туск: Експлозијата на железничката пруга Варшава – Лублин е саботажа

November 17, 2025

Рударска несреќа во Конго – загинаа 49 рудари

November 17, 2025

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.