„Ахмети во еден момент ми шепна – да беше Заев премиер во 2001 година, немаше да има војна, рече првиот вицепремиер во Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби по повод 20 години од потпишувањето на Рамковниот договор.
Го прашав, дали ако беше Заев во 2001 година ќе го потпишеше Рамковниот договор, Али Ахмети ми шепна – да беше Заев во 2001 година, немаше да се случи 2001 година“, искоментира Груби.
Навраќајќи се две децении наназад, Ахмети истакна дека евентуалната поделба на државата ќе била трагична и за Македонците и за Албанците.