Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ахмети на 18 годишнината на ДУИ: Време е за првиот премиер Албанец

0
By Нова ТВ on June 5, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, June 5, 2020 14:34

Ние го започнавме овој пат заедно пред 18 години, заедно се соочивме со секој предизвик и веруваме еден во друг, заедно ги определивме и ги остваривме нашите цели и на оваа толку важна годишнина за сите нас, заедно да ја определиме нашата следна цел почнувајќи од следните избори, да ја реализираме определбата за да избереме ценета, почитувана и докажана личност, таа или тој кој што ќе го избереме заедно, за првиот Албанец премиер на земјава, истакна Али Ахмети на својот Фејсбук профил по повод одбележувањето на 18 годишнината од формирањето на Демократската Унија за Интеграција (ДУИ).

„Демократската Унија за Интеграција денеска одбележува 18 годишнина од основањето како најголем субјект на Албанците во нашата земја, наследничка на Ослободителната Народна Армија и легитимен и апсолутен претставник на политичката волја на Албанците во последните две децении. Осумнаесет години бевме заедно во секој предизвик со кој се соочивме, во безброј процеси за постигнување на потполна рамноправност, за целосна интеграција во НАТО и Европската Унија, за подобрување на животниот стандард, за обезбедување на иднината на нашата младина и на сите нас“, се вели во честитка на лидерот на ДУИ до сопартијците.


Ахмети потенцира дека Македонија денеска е полноправна членка на најголемата воено-политичка алијанса во светот- НАТО и пред почетокот е на преговари за членство во Европската Унија (ЕУ).

„Денес имаме јазична рамноправност, со целосно имплементирање на нормативниот дел од Охридскиот Договор, со три универзитети на албански јазик, со училишта, со болници, со градинки, со патишта, со институции. Го инсталиравме и начелото на консензуалност и во одлучувањето и во изборот, раководевме како Албанци и граѓани на оваа држава со Собранието, со Министертвото за одбрана и за внатрешни работи, Народниот правобранител и Државниот правобранител, Врховниот и
Уставниот Суд, но сега дојде време за нешто поголемо“, нагласи Ахмети.

Се наврати и на минатогодишниот четврти Конгрес на ДУИ што го нарече спектакуларен и Конгрес на големите промени за наредните 20 години во политичка организација.

„Пред Конгресот се одвиваше амбициозен процес на целосна пререгистрација на членството каде за прв пат се спроведе внатрепартискиот ветинг, за потоа да следат избори во сите месни совети и ограноците на ДУИ каде се избраа повеќе од 90 отсто нови претседатели во стотини наши месни совети и отприлика 100 отсто нови претседатели на сите ограноци, со гарантирано и квалитативно претставување на жените во сите органи. Конгресот, исто така, ги избра и новиот Генерален Совет со повеќе од 70 отсто нови членови и со над 40 отсто претставување на жените, но се основаа и нови органи кои гарантираат издржливост, конзистентност и долговечност на нашиот субјект како
Конгресот на Постојаноста, Националниот Совет и Централната Изборна Комисија“, подвлече првиот човек на „интегративците“.

Со статутарните промени, пишува во неговото обраќање, „за прв пат една политичка партија во земјата и пошироко основа фунцкија – Секретар за еднакви можности, додека со Декларацијата на својата мисија се определува со духот на солидарноста за искоренување на нерамноправноста и концетрацијата од помалкуте кај повеќемината, градејќи општетсво на благосостојба со јавни услуги одговорни и квалитетни институции, со достоинствено  образование, здраство, плати и пензи грижејќи се за сите категории во општеството и обезбедувајќи  социјален процес вклучувајќи го секој граѓанин и секое
населено место“.

Албанец годишнина ДУИ. Али Ахмети премиер
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.