Лидерот на Демократската Унија за Интеграција, Али Ахмети денеска се сретнал со амбасадорот на Италија, Карло Ромео.
Ахмети и Ромео разговарале за формирањето на новата Влада, за настаните на 27 април во Собранието како и за локалните избори.
„Ахмети нагласи дека ДУИ го почитува уставниот поредок како и унитарниот карактер на земјата, додека новата реформска влада треба што поскоро да се избере и да почне со работа. Ахмети нагласи дека нема никакви пречки за одложување и дека приоритет на новата влада се реформите во судството, евро-атланската интеграција, Охридскиот Договор, добрите меѓуетнички и меѓусоседски односи како и економскиот развој и отворањето на нови работни места“, пишува во соопштението на партијата.
Во врска со локалните избори Ахмети рекол дека ДУИ ги поддржува измените на изборниот законик за да се овозможи нормално функционирање се до одржување на изборите и изборот на новата администрација.