Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, изјави дека на средбата со комесарот Јоханес Хан разговарале за сите теми кои се однесуваат на интеграциските процеси и притоа ја оцени средбата како многу важна, објави „Алсат“.
„Средбата со комесарот Хан беше многу важна. Зборувавме за сите теми кои се однесуваат на интеграциските процеси, реформите во судството, соработката со опозицијата. Му ветив на Хан дека ние ќе направиме максимални напори за да ги достигнеме конкретните чекори за да бидеме што поблиску до случувањата и реализациите на сите прашања кои не приближуваат со Европа“, рече Ахмети.