Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ахтисари: За каталонската криза треба меѓународно посредништво

0
By Нова ТВ on November 4, 2017 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, November 4, 2017 18:01

Поранешниот фински претседател и некогашен посредник во преговорите за статусот на Косово, Марти Ахтисари, ја повика шпанската Влада да му дозволи на разрешениот претседател на каталонската регионална Влада, Карлес Пучдемон да учествува на предвремените избори во декември и оцени дека за „решавање на каталонската криза е потребно меѓународно посредување“.

На средба на Нордискиот совет во Хелсинки, Ахтисари оцени дека Каталонците „направиле глупост“ со едностраното прогласување независност, но дека и Шпанците реагирале „премногу бурно“.

– Потребно е посредување. Не знам дали можат да се вклучат ЕУ или ОН, но не треба да се дозволи ситуацијата да излезе од контрла – истакна Ахтисари.

Ахтисари во 2008 година ја доби Нобеловата награда за мир поради „повеќедецениското ангажирање и посредување во воспоставувањето на мирот и решавањето на конфликти на повеќе континанти“.

Апелот на Ахтисари да му се дозволи на Пучдемон да учествува на изборите доаѓа откако шпанскиот Врховен суд им одреди притвор на неколкумина каталонски лидери и распиша европска потерница по разрешениот претседател на каталонската регионална Влада и четворица членови на неговиот Кабинет, кои се наоѓаат во Белгија.

Според извори во Судот, притворените каталонски лидери би можеле да останат во притвор и до две години пред почетокот на судењето под обвинение за бунт, поттикнување на бунт, злоупотреба на јавни фондови и прекршување на довербата. Тоа би значело дека тие, вклучитечно и Пучдемон не ќе може да учествуваат на предвремените парламентарни избори во регионот, закажани за 21 декември.

Мадрид досега во неклку наврати ги одби предлозите на каталонските лидери за посредување на ЕУ или некоја друга земја во напорите за надминување на кризата околу Каталонија.

Пучдемон и дел од членовите на неговата разрешена Влада допатуваа во Белгија, откако Мадрид го активираше членот 155 од Уставот на Шпанија, со што ја укина автономијата на Каталонија и воведе директна управа над регионот.

Каталонија Марти Ахтисари Шпанија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ЕУ не сака „нов Орбан“: Нови механизми за заштита на демократијата и владеењето на правото

October 7, 2026

Врсничко насилство – што покажуваат бројките?

October 7, 2026

ЦИВИЛ МЕДИА: Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026

Изборите во БиХ не донесоа пресврт: Додик останува силен фактор, европскиот пат под знак прашалник

October 5, 2026

Франција: Нов бран ученички и студентски протести најавен за 6 октомври

October 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

ЕУ не сака „нов Орбан“: Нови механизми за заштита на демократијата и владеењето на правото

October 7, 2026

Врсничко насилство – што покажуваат бројките?

October 7, 2026

ЦИВИЛ МЕДИА: Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026

Изборите во БиХ не донесоа пресврт: Додик останува силен фактор, европскиот пат под знак прашалник

October 5, 2026

Франција: Нов бран ученички и студентски протести најавен за 6 октомври

October 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.