Србија нема да може да стане членка на Европската унија додека не ја признае независноста на Косово, изјави поранешниот претседател на Хрватска Иво Јосиповиќ во интервју за весникот „Данас“.
“Влезот на Србија во ЕУ без да го признае Косово ќе значи дека Косово никогаш нема да стане членка на ЕУ. Таквото редуцирање на проектот за градење на обединета Европа е неприфатливо за повеќето сегашни членки на ЕУ”, ја објасни Јосиповиќ својата изјава.
Според Јосиповиќ, ЕУ има проект за ширење на Балканот во кој има место и за Косово но не сака да увезе билатерални проблеми кои мораат да бидат решени пред зачленувањето. Поради тоа, Србија не може да стане членка ако не го признае Косово.
Според него, односите помеѓу Србија и Хрватска се полоши од порано:
“Медиумите, разните навивачи и коментатори, сите тие потпалуваат со нивните изјави. Во двете земји постојат ретроградни процеси и рехабилитирање и славење на поразените про-нацистички сили.”