Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Акција на војската во Судан: Премиерот Абдула Хамдок и група министри во домашен притвор

0
By Sashko on October 25, 2021 СВЕТ
Фото: tasnimnews.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Суданските вооружени сили го уапсиле премиерот Абдала Хамдок, група министри, како и лидерите на неколку сојузни држави и политички партии, јави утринава телевизијата „Ал Хадат“, повикувајќи се на неименувани извори.

Вооружените сили го уапсиле и советникот за медиуми на премиерот, изјавија за британските медиуми  извори од неговото семејство. Војската сè уште не ги коментираше овие информации.

Суданската телевизија се емитува нормално, а извори за британските медиуми изјавиле дека се чини оти интернетот не е достапен во главниот град.

Ситуацијата во Судан е напната по неуспешниот обид за државен удар во септември и жестоките обвинувања меѓу војската и политичките тела кои треба да ја делат власта по соборување на поранешниот лидер Омар ал Башир во 2019 година.

Башир е затворен, а воените и политичките тела треба заеднички да управуваат со земјата до изборите во 2023 година.

Тензиите ескалираа во текот на овој месец, откако коалицијата на бунтовнички групи и политички партии ги здружија силите со војската, а приврзаниците на армијата организираа протести пред претседателската палата, барајќи распуштање на цивилните власти.

Неколку министри минатата недела учествуваа на големите протести во Картум и другите судански градови против можноста војската да ја преземе власта.

Британските медиуми забележуваат дека воениот лидер на Државниот совет постојано изјавуваше дека ќе го поддржи трансферот на власта.

војска домашен притвор државен удар министри премиер Свет Судан
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.