Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Акцизата на нафтата се зголемува за три денари, сите ќе одат во Буџетот

0
By Нова ТВ on April 21, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, April 21, 2020 15:02

За три денари се зголемува цената на акцизата за нафтените деривати во Република Северна Македонија. Оваа уредба со законска сила за примена на законот за акцизите за време на вонредна состојба e донесена денеска од Владата како мерка за справување со кризата предизвикана од ковид-19.

Владиниот портпарол Муамед Хоџа на денешната прес-конференција нагласи дека зголемувањето на акцизата за три денари нема да предизвика дополнителни финансиски импликации врз компаниите и населението, ниту, како што рече, од тоа ќе трпат транспортната или другите дејности зашто цената на нафтата е намалена за 20 денари. Сите средства од зголемената акциза ќе одат во државниот Буџет, односно во Фондот за справување со коронавирусот.

„Ова е добро и правично решение, директна инјекција за државниот Буџет. Уредбата е донесена за ублажување на економските последици од зголемените трошоци за справување со коронавирусот и обезбедување средства за редовно сервисирање на буџетските потреби. Зголемувањето на износот на акцизата нема да предизвика дополнителни финансиски импликации за правните субјекти и населението со оглед на фактот дека значителниот пад на цената на нафтата на светските берзи предизвикува значително намалување и на малопродажните цени на горивата во нашата држава“, истакна портпаролот на Владата.

Предложениот механизам, појасни тој, овозможува постепено враќање на постојните износи на акцизи во услови на нормализирање на цените на пазарот, што, како што рече, се очекува тогаш кога ќе заврши состојбата предизвикана од коронавирусот.

Хоџа: Зголемувањето на акцизата донесено во консултација со сите засегнати страни

Зголемувањето на акцизата на нафтата за три денари е антикризна мерка, донесена по предлог на Министерството за финансии, во претходни консултации со експерти и со сите засегнати страни, рече Хоџа.

„Пред носење на ваквата одлука, се разбира, земени се предвид сите совети и анализи направени од експерти, од вработени во Министерството за финансии и во Владата, како и од сите други засегнати страни“, нагласи Хоџа.

Запрашан зошто Владата не донесе одлука за израмнување на акцизата на екстра лесното гориво со таа на дизелот, како што бараше Стопанската комора, Хоџа беше дециден дека ефектот од таквата мерка би бил речиси никаков.

„Екстра лесното гориво е наменето само за лимитирана употреба и законски е забрането за продажба од 15 април, ефектот од таквата мерка би бил скоро никаков“, истакна портпаролот на Владата.

акциза буџет Влада Муамед Хоџа нафта уредба
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.