НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Алармантни податоци од Гинекологија: Девојчиња раѓаат и пред да наполнат 15 години

0
By НОВА ТВ Balaban on May 11, 2022 ВЕСТИ, ЗДРАВСТВО, НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Проф. д-р Ана Данева Маркова, гинеколог и претседател на Комитетот за безбедно мајчинство изјави дека во ковид-пандемијата двојно се  намалил бројот на прегледи кај трудниците, иако тие се многу важни за рано откривање на компликациите кои можат да се јават понатаму во бременоста.

Дури 40 отсто од жените во земјава не избрале матичен гинеколог, а кај повеќе од 10 жени од 1.300 прегледани во мобилната гинеколошка амбуланта од декември 2021 година до мај се откриени преканцерозни промени на  матката. Најмладата малолетничка која ја прекинала бременоста на Клиниката за гинекологија има само 13 години, a вo 2020 година имало 18 девојчиња под 15 години кои родиле, а од вкупниот број на бебиња, 4,9 отсто ги родиле мајки на возраст од 15 до 19 години, предупредија денеска гинеколозите од Македонската асоцијација на гинеколози и опстетричари во Неделата на женско здравје која се одржува од 9 до 15 мај годинава, а по повод светската Недела на женското здравје.

Тоа е дел од кампањата за обезбедување подобра институционална заштита на жените во текот на целиот животен век, како и професионално здравствено информирање за сите превентивни прегледи и однесувања кои ќе допринесат за зачувување на здравјето на жената.

Тим од Универзитетската Клиника за гинекологија со мобилната гинеколошка амбуланта патува во руралните подрачја во земјава и ги прегледува жените. Во овие четири месеци оваа амбуланта е на располагање на пациентките во источниот регион од земјата.

Сознанијата и од теренот алармираат – голем број од жените не посетиле гинеколог, додека на ниво на држава само 33 отсто од жените  практикуваат редовни гинеколошки прегледи. Повеќе од 30 отсто не го посетиле својот матичен гинеколог подолго од 3 години!

– Во мобилната амбуланта биле прегледани жени од Чешиново, Облешево, Лозово, Свети Николе, Врапчиште, при што им биле направени ЕХО-преглед и земен Пап-брис. Кај 10ина жени се откриени предканцерогени промени на грлото на матката и други состојби и тие се испратени на дополнителни прегледи и интервенции на Клиника, со што им се спасени животите, изјави проф.д-р Глигор Тофоски, гинеколог и претседател на МАГО.

Мобилна гинеколошка амбуланта е проект кој е поддржан од Министерството за здравство и Агенцијата за храна и популација на Обединетите Нации и се настојува таа да продолжи да функционира преку обезбедување средства од ресорното Министерство.

Само 18 отсто од трудниците одат на контрола во првите 3 месеци 

Проф. д-р Ана Данева Маркова, гинеколог и претседател на Комитетот за безбедно мајчинство изјави дека во ковид-пандемијата двојно се  намалил бројот на прегледи кај трудниците, иако тие се многу важни за рано откривање на компликациите кои можат да се јават понатаму во бременоста.

– Намалени се услугите за репродуктивното здравје. Дел од трудниците воопшто не одат на антенатални-контролни прегледи во тек на бременоста, а голем дел не ги препознаваат навремено симптомите поврзани со развојот на компликации во бременоста, што може да доведе до сериозни загрозувачки состојби на плодот и мајката. Особено во првото тримесечје од бременоста се намалени прегледите, односно само 18 отсто од трудниците се следат интензивно во овој ран период, кога прегледите се исклучително важни за развојот на плодот и навремено откривање аномалии. Треба да се насочи вниманието на пациентките и да се зголеми бројот на прегледите во рана бременост, рече д-р Данева Маркова.

Проф. Д-р Горан Димитров, гинеколог и претседател на Македонското лекарско друштво, изјави дека Неделата на женското здравје треба да ја зголеми свеста за женското здравје, а дека скринингот е многу важен.

– Една од најважните работи за спречување и рано откривање на  малигните заболувања кај жените е организирање на скрининг. Во Словенија и Белгија, на пример, жените не ги примаат на работа на 2 јануари доколку не направиле Пап-тест! Ова е присилна метода, но е за  општото здравје. Кога овие заболувања ќе се откријат во рана фаза,  процентот на излекување е навистина голем, изјави д-р Димитров.

Тој нагласи дека редовните гинеколошки прегледи и сексуалното воспитување кај младата популација се клучни во борбата со намалување на појавата на карцином.

Доц. д-р Даниела Иванова Панова потсети дека гинеколог треба да се посети и пред првиот сексуален однос.

– Дури и кај новороденчињата може да се појават проблеми со цисти на јајници и друго, а во периодот на пубертетот  може, освен цисти, да се јават и проблеми со акни и други хормонски нарушувања. Со интензивирање на сексуалните односи можни се и чести сексуално преносливи инфекции, затоа треба редовно да се посетува гинеколог. Кај многу девојки се јавуваат и болни менструални циклуси, дисменореја, поради што мора дури и да отсуствуваат од настава, изјави д-р Иванова Панова.

Во Неделата на женското здравје, како и што претходно објавивме, истражувањето покажало дека 20 проценти од учениците сметаат дека кондомот може да помогне само во спречување на бременост, а не спречува сексуално пренослива инфекција, а пак 20 отсто од учениците сметаат дека контрацептивните таблети ќе ги заштитат од сексуално преносливи инфекции.

Љубица Балабан

Ана Данева Маркова Глигор Тофоски Горан Димитров Даниела Иванова Панова Неделата на женско здравје
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Американската база Форт Стујарт во Џорџија е блокирана поради пукање, има ранети

August 6, 2025

ЕЦБ: Кинеската конкуренција ги потиснува работните места во еврозоната, особено во автомобилската индустрија

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

08:15 – 6. август 1945 – Хирошима одбележува 80-годишни од атомската бомба што го уништи градот

August 6, 2025

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025
ФОКУС

Заврши средбата на Путин со Виткоф – траела три часа

ВЕСТИ August 6, 2025

Средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и специјалниот пратеник на претседателот на САД, Стив Виткоф,…

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

Москва: Средба Путин – Виткоф

August 6, 2025

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

August 5, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.