Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Алармантно топење на мразот на Гренланд: Денешната состојба ги достигна проекциите за 2070 година

0
By Нова ТВ on August 18, 2019 СВЕТ
Фото: wprost.pl
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, August 18, 2019 16:26

Мразот на Гренланд во изминатиот месец исчезнува со невидена брзина, а регистрирани се и пожари. Научниците се изненадени и не очекуваа дека ледената плоча ќе се топи со ова темпо уште 50 години, меѓутоа до последната недела од јули, намалувањето на нејзиното ниво ја достигна проекцијата за климатските модели за 2070 година и тоа по најпесимистичко сценарио, објави „Сајенс алерт“.

Ледената плоча на Гренланд загуби 12,5 милијарди тони мраз на 1 август, што е рекорд за еден ден откако истражувачите почнаа со мерење на топењето на мразот во 1950 година, објави „Вашингтон пост“. Драматичното топење сугерира дека ледениот покривач на Гренланд се приближува до пресврт што може неповратно да доведе до целосно исчезнување.

Ако се случи тоа, катастрофалниот пораст на нивото на морето ќе ги проголта крајбрежните градови низ целиот свет. Сезоната на топење на мразот на Арктикот започнува секоја година во јуни и завршува во август, со врв на топење регистриран во јули. Сепак, брзината на топење на мразот во Гренланд оваа година ги надмина очекувањата.

Од 30 јули до 3 август, топењето е забележано на 90 проценти од површината на Гренланд со 55 милијарди тони вода испуштена во текот на пет дена. Слично натпросечно топење е регистрирано и во Швајцарија каде глечерите изгубиле 800 милиони тони мраз за време на топлотните бранови во јуни и јули. Рекордно топење на мразот во јули е забележано, исто така, и на Алјаска.

Гренланд Ледена плоча мраз Топење
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

Избори во Израел: Израел: Нетанјаху останува без мнозинство, истрага за можно странско мешање

October 29, 2026

Девет работи што новата влада на Србија не смее да ги направи – поуки од Северна Македонија

October 28, 2026

Студот и темнината како оружје: Комисија на ОН утврди руски злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026

Највисок степен на терористичка закана во Србија по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

Избори во Израел: Израел: Нетанјаху останува без мнозинство, истрага за можно странско мешање

October 29, 2026

Девет работи што новата влада на Србија не смее да ги направи – поуки од Северна Македонија

October 28, 2026

Студот и темнината како оружје: Комисија на ОН утврди руски злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026

Највисок степен на терористичка закана во Србија по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.