Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Албанија, втората балканска земја со напредок на патот кон ЕУ

0
By Нова ТВ on April 17, 2018 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, April 17, 2018 18:14

Втората балканска земја што денес може да се пофали со напредок кон ЕУ е Албанија. Европската комисија (ЕК) денес препорача отворање преговори за членство со Македонија но и со Албанија.

“Комисијата денес му предлага на Советот на министри (претставнице на земјите членки) да донесе одлука за отворање преговори за членство со Албанија и поранешната југословенска Република Македонија”, изјави денес шефицата на ЕУ дипломатијата Федерика Могерини.

“Одлуката се заснова на проценка на напредокот направен од овие две земји во препораките од 2016 година и серија мерки применети од страна на Тирана и Скопје. Оваа одлука е охрабрувачка порака за овие земји за да можат да продолжат со реформите”, изјави Могерини.

Според ЕК, политичката ситуација во Албанија се подобрува и покрај долгиот бојкот на опозицијата:

Во 2017 година во мај “договорот помеѓу главната владејачка партија и опозицијата овозможи да се продолжат парламентарните активности, со некои промени во изборната законска рамка. Ова придонесе за непречена организација на општите избори во јуни” вели Брисел.

Албанија ја подобрува регионалната соработка и добрососедските односи а Комисијата вели дека се преземени важни чекори за решавање на билатералните прашања со Грција.

Албанија, според ЕК, е умерено подготвена во реформата на јавната администрација, има напредок во ефикасноста и транспарентноста на јавните услуги, обуката на државните службеници и зајакнување на процедурите засновани на заслуги. Само така може да се дојде до «поефикасна, деполитизирана и професионална јавна администрација».

И албанскиот судски систем бара уште многу работа но таа работа добро се одвива:

“Спроведувањето на сеопфатна и темелна реформа на правосудството продолжи, што во целост резултираше со добар напредок. Повторното оценување на сите судии и обвинители (процес на проверка) започна и дава први видливи резултати. Овој процес има меѓу-партиска поддршка, го спроведува независен орган, подлежи на меѓународно следење и нејзината компатибилност со Европската конвенција за човекови права е потврдена од Венецијанската комисија”, вели ЕК.

И во борбата против корупцијата Албанија има одредено ниво на подготовка, усвоени се измените во кривичната постапка а се воведуваат и “специјализирани антикорупциски тела, вклучувајќи и специјално обвинителство”. Но, како и во Македонија, конечните пресуди за корупција кај високи функционери се многу малку.

Албанија целосно ја заслужува оваа позитивна препорака, изјави денес Кнут Флекенштајн, известувач на Европскиот парламент за Албанија: “Земјата е влезена во процес на сеопфатна реформа на своето судство и силно ги нагласува своите европски амбиции и го поттикнува напредокот и на другите клучни приоритети. Понатаму, искуството на Албанија со оваа реформа ќе биде корисно и за другите земји во регионот. Јас сметам на Европскиот совет во јуни за понатамошно приближување на процесот на пристапување на земјата. Ова ја обврзува Албанија да го задржи своето ниво на амбиција и да се справи со преостанатите задачи без понатамошно одложување”.

Могерини до колебливите: Проширувањето е инвестиција

На потег се 28-те земји членки на ЕУ:

“Тие ќе треба да направат проценка на направениот напредок и да донесат одлука”, додаде Могерини.

Комесарот Јоханес Хан призна дека повеќе земји членки “се колебливи”:

“Во мојата земја, Австрија, поддршката расте кај мнозинството граѓани”, подвлече тој. И додаде дека “ние мораме да им објасниме кои се предностите на проширувањето и интеграцијата на балканските земји”.

Обраќајќи се во ЕП, Жан-Клод Јункер, првиот човек на ЕК, денес истакна дека ЕУ треба да им даде европска перспектива на балканските земји. Во спротивно, рече тој „ќе видиме враќање на војната во тоа подрачје како што видовме 1990 година“.

Со оваа изјава Јункер покажа дека не се согласува со претседателот на Франција Емануел Макрон кој денес, исто така во ЕП, рече дека не може да има проширување се додека не се направи внатрешна реформа на ЕУ. Процес кој бара многу време.

„Дали ќе имаме 30, 32 (земји-членки) за неколку години? Со истиве правила тоа едноставно не е изводливо“, рече Макрон.

На ова одговори на шефицата на ЕУ дипломатијата Федерика Могерини која изјави дека за ЕУ “проширувањето е инвестиција”.

Комесарот за проширување Јоханес Хан на ова додаде дека “напредокот е во тек” и дека Комисијата има задача да им објасни на земјите членки дека е важно заедно да се работи и кои се добрите страни на проширувањето. Тој рече исто така дека во некои земји членки се зголемува бројот на граѓани што го поддржуваат проширувањето кон Балканот а “тоа е ветувачки”, рече Хан.

 

Повеќе земји членки на ЕУ посакуваат датум за старт на преговори да им се додели во пакет на Македонија и на Албанија, чии реформски напредок исто така наиде на многу позитивни реакции во Брисел.

2018 година Албанија годишен извештај за напредок Европска комисија ЕУ препорака за преговори
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

52 животи згаснаа во два дена, меѓу жртвите пет деца – руски напади врз домови и автобуси во Украина

October 8, 2026

ЕУ не сака „нов Орбан“: Нови механизми за заштита на демократијата и владеењето на правото

October 7, 2026

Врсничко насилство – што покажуваат бројките?

October 7, 2026

ЦИВИЛ МЕДИА: Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026

Изборите во БиХ не донесоа пресврт: Додик останува силен фактор, европскиот пат под знак прашалник

October 5, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

52 животи згаснаа во два дена, меѓу жртвите пет деца – руски напади врз домови и автобуси во Украина

October 8, 2026

ЕУ не сака „нов Орбан“: Нови механизми за заштита на демократијата и владеењето на правото

October 7, 2026

Врсничко насилство – што покажуваат бројките?

October 7, 2026

ЦИВИЛ МЕДИА: Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026

Изборите во БиХ не донесоа пресврт: Додик останува силен фактор, европскиот пат под знак прашалник

October 5, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.