Четворица нови министри одобри парламентот во Албанија.
Парламентот ги потврди Фатмир Џафа за нов министер за внатрешни работи, Олгерта Манастерлиу за министер за здравство, Олта Џачка за министер за млади и социјална благосостојба, и Едвард Шалси за државен министер за локална самоуправа.
Министрите беа предложени по реконструкцијата во кабинетот која беше направена за да им се даде можност на досегашните министри да учествуваат во кампањата за претстојните избори кои се планирани за 18 јуни.
Новите функционери беа изгласани без опозицијата. Парламентот на Албанија гласаше во отсуство на пратениците од опозицијата.