Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Алчните времиња на Силвана Бонева

0
By Биљана Секуловска on February 22, 2020 КОЛУМНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, February 22, 2020 10:05

Секогаш убавите вести ги бодат очите- Силвана Бонева, поранешна пратеничка на ВМРО-ДПМНЕ, веќе цела година добивала пари на сметка од Агенцијата за вработувања во Струмица, по основ “бенефиции за невработени лица”.

Само напред Бонева, ти можеш и повеќе, ова е премалку, недоволно изживување, ситен придонес од сите нас, кон тебе. Во Кралството кое ние ти го создадовме минатата деценија, во времето на владеењето на Груевски, таа остана една од пионерите на цицањето крв  од народот.

Сетете се само која е таа, Бонева. На крајот на декември, 2017, таа беше осомничена за злоупотреба на службената положба и незаконско прибавување на 100.000 евра на име патарини. Според истрагата на Специјалното јавно обвинителство под кодно име „Друмарина“, Бонева од 25 јуни 2011 година до 16 декември 2015 до собраниските служби поднесувала лажни фискални сметки за патарини.

Според доказите, Бонева имала сместување во Скопје, а за тој период доставила сметки за патарини за вкупно 843 патувања со сопствено возило.

НОВА ТВ тогаш објави дека Бонева доставувала фискални сметки од патарина кога патувала во 17 часот попладне, а во исто време, истиот ден била се уште во Собранието и гласала во 19 часот. Сметките најчесто ги добивала од таксисти кои сообраќале на релација Струмица-Скопје и обратно.

СЈО направило увид и во броилата за струја во домовите на поранешната пратеничка во Струмица и во Скопје и според нив, таа поголем дел од времето го минувала во Скопје, што е уште еден доказ дека дел од километражата која ја прикажала била фиктивна.

Во март, 2018, беа замрзнати двата стана на синовите на Бонева од страна на СЈО, но откако беше објавена информацијата дека ги сокрила од Антикорупциската комисија. Подоцна, таа и призна дека не го пријавила станот од 109 квадрати во Центарот на Скопје на име на нејзиниот син Орце Бонев, со пазарна вредност од околу 180 илјади евра- кој не беше единствен- таа немаше пријавено и уште еден стан со пазарна вредност од околу 180 илјади евра, за вториот син.

Ова е навистина мала земја, со мали, ситни паразити, морални лилипутанци, алчни, грабливи луѓе кои стануваат политички великани во одредени невремиња во оваа држава, како она на груевизмот. Колку што ги величи Партијата, толку повеќе тие се смалуваат, издишуваат во бедата која им ја произведува политиката, непостоењето на правна држава, на правдата, тие се производи исклучиво на неправдата.

Оваа земја  навистина е најмалата од сите што сме ги чуле и запознале, земја во која се станува голем само со лакомоста, неказнивоста и непостоењето на срам- земја на политичките лилипутанци, и ништо повеќе од тоа.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Погледнете ги барем само студентите од Србија

October 24, 2026

Од летечки бомби до интелигентни машини: Смртоносната еволуција на дроновите

October 24, 2026

Србија пред избори: Неизвесна трка, високи тензии, инциденти, анкети со различни резултати

October 24, 2026

Изборен молк во Србија: Тензична атмосфера пред гласањето в недела

October 23, 2026

Кои се 10-те најмоќни економии во светот во 2026 година?

October 23, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Погледнете ги барем само студентите од Србија

October 24, 2026

Од летечки бомби до интелигентни машини: Смртоносната еволуција на дроновите

October 24, 2026

Србија пред избори: Неизвесна трка, високи тензии, инциденти, анкети со различни резултати

October 24, 2026

Изборен молк во Србија: Тензична атмосфера пред гласањето в недела

October 23, 2026

Кои се 10-те најмоќни економии во светот во 2026 година?

October 23, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.