Актуелниот премиер, Александар Вучиќ, ќе биде кандидат на СНС на претседателските избори, одлучено е на седница на претседателството на таа партија, објави Б92. Одлуката е донесена едногласно.

Членовите на врвот на Српска напредна странка после седницата не дадоа изјава, но функционерот Небојша Стефановиќ на новинарите кусо им изјави: Вучиќ, едногласно!

Одлуката подоцна ќе биде и официјално соопштена.