Претседателот на Демократската Унија за Интеграција (ДУИ), Али Ахмети денеска во неговиот дом дочека попишувачи. Притоа тој упати апел до сите граѓани да учествуваат во статистичката операција што завршува на 30 септември,

„Денеска бев домаќин на попишувачи во мојот дом и заедно со моето семејство станавме дел од пописот на населението во нашата земја. Ве замолувам не двоумете се и попишувајте се сите, резиденти и нерезиденти, во земјата и во дијаспората, заедно со секој член на вашето семејство“, се наведува во постот на неговиот Фејсбук профил.

Попишувањето се одвива до 30 септември, додека од денеска сите оние кои не
се попишани од различни причини во својот дом, истото можат да го
направат во општината во која живеат.