Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Али Хамнеи: Одлуката на Трамп е глупава и површна

0
By Нова ТВ on May 9, 2018 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, May 9, 2018 13:37

Одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп за повлекување на САД од нуклеарниот договор со Итан е „глупава и површна“, оцени денеска иранскиот верски лидер, ајатолахот Али Хамнеи.

– Слушнавте дека минатата ноќ претседателот на Америка даде некои глупави и површни коментраи, изјави Хамнеи.

Според него, во своето синоќешно обраќање Трамп изнел „можеби повеќе од 10 лаги“.

– Тој им се закануваше на властите и на луѓето, велејќи ќе направам ова и она. Господине Трамп во името на иранскиот народ ви порачувам: Правите грешка, истакна ајатолахот Хамнеи.

Иранскиот верски лидер нагласи и дека Иран нема да продолжи да го почитува договорот, доколку не добие „цврсти гаранции од Европа“.

Хамнеи имаше резерви кон нуклеарниот догвор уште од времето на неговото постигнување во 2015 година и досега во повеќе наврати ги обвинуваше САД дека не ги исполнуваат договорените обврски.

Трамп вчера соопшти дека САД се повлекуваат од Договорот за иранската нуклеарна програма и најави возобновување на санкциите кон Иран, кои беа укинати согласно документот.

Во меѓу време, група пратеници во иранскиот Парламент предложија усвојување разолуција со која се повикува на „соодветни и реципрочни“ мерки на Техеран на одлуката на Трамп.

Претседателот на парлементарната Комисија за нуклеарни прашања, Хоџатолеслам Моџаба Зукнури изјави дека со документот се бара иранската Влада да ги обезбеди „неопходните гаранции“ за почитување на договорот од остатаните пет негови потписници – Велика Британија, Германија, Кина, Русија и Франција.

Тој не прецизираше какви гаранции треба да бара Техеран, но нагласи дека ако не ги добие, тогаш треба да престане да го почитува договорот и да почне со производство за високозбогатен ураниум.

Пратеникот Али Мотахари пак оцени дека европските сили „имаат ограничени можности да дадат стабилни гаранмции“ какви што бара Иран.

– Ако тоа не се случи, можно е да се повлечеме од нуклеарниот договор или да преземеме поинакви чекори, истакна Мотахари.

Иран нуклеарен договор САД
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026

Амбуланта во Украина има потреба од генератор: Како можете да помогнете

October 27, 2026

ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

October 26, 2026

Од долгите редици во Белград до високата излезност: ЦИВИЛ МЕДИА со теренски извештаи, видеа и анализи за изборите во Србија

October 25, 2026

Погледнете ги барем само студентите од Србија

October 24, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026

Амбуланта во Украина има потреба од генератор: Како можете да помогнете

October 27, 2026

ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

October 26, 2026

Од долгите редици во Белград до високата излезност: ЦИВИЛ МЕДИА со теренски извештаи, видеа и анализи за изборите во Србија

October 25, 2026

Погледнете ги барем само студентите од Србија

October 24, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.