Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ало бре!!!

0
By Zoran Ivanov on March 18, 2025 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, March 18, 2025 23:18

Децата ги изгубивме бре! Една цела младост престана да диши, ја снема, ја сотревме!!! Како режисер на најцрните сценарија од хорор филм масакарот дома да ни го приреди. И соништата им ги одзеде и иднината им ја украде… Ама режисерот кај нас е системот. Системот што убива!

Ема Нешковска

30 и кусур години се распарчува надежта во оваа држава.

Ден по ден се рушат сите соништа на луѓето што останаа да живеат овде.

Сите заедно и десни и леви не успеаа да обезбедат достоинствен и квалитетен живот на своите граѓани.

Смачено им е на луѓето, смачено им е на младите да чекаат нешто да се смени.

Знаете ли колку порано не пораснавте?!

Не остаревте, не зацрневте!!!

Заборавивме што е младост и безгрижност, децата од мали ги отрувме со секојдневните проблеми, стресови, неивезноста за се во државава и ги оптеретивме со разни дневно политички теми, поделби и обвинувања.

На наш грб милионери некои од вас станавте, а нас не раскаравте, не одродивте, не оттуѓивте.

Душмани еден на друг не направивте!!!

Криминалот и корупцијата со крв ги плаќаме.

И не е еднаш и не е прв пат!!!

Ама тоа боли. Боли толку длабоко што веќе гласот не е доволен за да каже се преку збор.

Пече душата, боли срцето.

Кнедлите в грло ќе не угушат.

Солзите ни пресушија.

И ништо не заборавивме.

Како дух што шета и ни ги вознемирува душите се сите претходни трагедии, зошто останавме без одговори на се што полека не облекуваше во црнина… и Смилковско и Стајковци и Дурмо и Беса и Тетово…

За сега да ни се случи Кочани.

Децата ги изгубивме бре!

Една цела младост престана да диши, ја снема, ја сотревме!!!

Како режисер на најцрните сценарија од хорор филм масакарот дома да ни го приреди.

И соништата им ги одзеде и иднината им ја украде…

Ама режисерот кај нас е системот. Системот што убива!

Многу шанси пропуштивме нешто да смениме, нешто да кажеме, да се спротивставиме.

Создадовме систем на неказнивост и безредие зошто полесно ни беше да ги игнорираме правилата и да замижиме пред правдата, да ги заобиколиме законите, правилата и процедурите.

Се научивме дека побрзо и полесно функционира принципот “побарај пријател и реши се преку врски”.

Така го создадовме овој систем чудовиште, кој полека живи ни ги јаде луѓето, ни ја краде младоста и ни ја убива надежта.

И тука нема партии, етникум, религии.

Во процесот за создавање на ваков девастиран систем, сите бевме сложни.

И таман кога треба да смениме МНОГУ, прво самите себе, па кругот, околината, заедницата… гледам и се чудам!

Каква е оваа дрскост и ароганција во Вашето однесување денес, премиере?!?!

Што ќе им е Вашата посета на овие деца, кога нивните животи се во опасност???

Кога нивните соништа се прерано прекинати, а нивната младост одземена!!!

Сигурна сум дека сите од нив најмалку што сакаат да видат пред себе е било кој политичар од оваа наша напатена земја со кородиран систем што убива!

За Вашиот евтин маркетинг и политички популизам ја изложувате на дополнителна опасност нивната и така кревка здравствена состојба!

Срам и арам за сите Вас кои од оваа до сега невидена трагедија правите политиканство, а во обидот за разоткривање на главните сторители сте сеуште до никаде, селективно ловејќи наводни виновници, кога главните се сеуште на слобода!!!

Па барем маска да ставел и тој што ве сликал!!!

Од Фејсбук ѕидот на авторката

аман бре деца ема нешковска катастрофа Кочани семавте Фејсбук
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.