Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Алтернатива“ утревечер со став дали ќе биде дел од владината коалиција

0
By Sashko on November 25, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

„Алтернатива“ за утревечер во 18 часот закажа седница на Централното претседателство, што беше одложена поради тридневната жалост и автобуската несреќа во Бугарија во која загинаа 45 лица.

Членот на „Алтернатива“ и пратеник Скендер Реџепи Зејд изјави дека членовите на Централното претседателство утревечер треба да му дадат насока на Централното собрание, највисок орган на партијата, и тоа ќе донесе одлука дали тие ќе станат дел од Владата и парламентарното мнозинство или ќе останат дел од опозицискиот блок.

Верувам дека во еден дијалог ќе ги соочиме сите аргументи „за“ и „против“ и дека ќе биде донесена соодветна одлука, вели Реџепи.

Негов став е, како што кажа, доколку „Алтернатива“ донесе одлука да стане дел од Владата, услов е да биде давање предност на програмата на партијата пред позициите на власта.

Претседателот на партијата, Африм Гаши минатата недела беше на средба со премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев на која беше официјализиран предлогот „Алтернатива“ да биде дел од владината коалиција и со нивните четири пратеници би се зголемило мнозинството во Собранието.

Пратениците на „Алтернатива“ беа потписници на иницијатовата за недоверба на Владата, но откако Кастриот Реџепи од Беса не дојде на седницата пропадна овој обид на опозициските партии. Сега Заев се обидува да го зголеми мнозинството во Собранието со што наместо 61 пратеник би имало 65. Тоа би овозможило зајакнување на позициите на мнозинството и стабилна Влада.

Алтернатива Влада коалиција Македонија став Централно Претседателство
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.