Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Амбасада на САД: Виртуелна прослава по повод 4 јули и огномет на Кале

0
By Sashko on July 4, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Амбасададата на САД во Република Северна Македонија денеска организира прослава по повод државниот празник 4 јули – Денот на независноста. Ова е второ виртуелно одбележување на 245-от роденден на американсата нација од прогласувањето на независноста.

Прославата ќе биде пренесувана директно на фејсбук страницата на Амбасадата и на ТВ Канал со почетокот во 20:40 часот. Оние кои се во Скопје ќе можат да го видат и традиционалниот огномет по повод 4 јули, на Калето во 21 часот.

Помошник-државниот секретар на САД задолжен за Европа и Евроазија, Филип Рикер, на завршната прес-конференција од првото издание на „Преспа Форум Дијалог“ во Охрид порача дека САД ги препознава спроведените реформи во Северна Македонија, а поддршката на присоединувањето на земјата кон Унијата го посочи како елемент на американската надворешна политика.

– На сите билатерални состаноци што ги водевме тука во Охрид заедно со колегата Метју Палмер ја поздравивме препораката од март минатата година ЕУ да отпочне преговори за пристапување на Северна Македонија и на Албанија, како признание за спроведените реформи. Пристапувањето на Северна Македонија во ЕУ ќе ја зголеми регионалната, но и стабилноста во Европа, како и економските врски во рамки на трансатлантското партнерство. Тоа беше и елемент и на надворешната политика на САД години наназад. Последните одлуки што ги блокираа интегративните процеси на Северна Македонија го поткопуваат кредибилитетот на ЕУ во регионот и во меѓународни рамки. Тоа испраќа погрешен сигнал и зајакнува некои перцепции дека ЕУ го напушта регионот. Не верувам дека тоа е така и затоа порачавме дека е потребно неодложно отпочнување претпристапни преговори и за Северна Македонија и за Албанија, рече Рикер.

По однос на стратешкото партнерство меѓу САД и Северна Македонија, тој истакна дека земјата треба да гледа на САД како на најдобар пријател што е можно кога станува збор за меѓународни односи на две држави.

– Спогодбата за стратешко партнерство САД ја потпишаа со Северна Македонија од 2008 година после Самитот на НАТО во Букурешт. Но, сега ние сме повеќе од стратешки партнери, ние сме НАТО сојузници, а тоа се најблиски односи што САД можат да ги имаат. Како сојузници во рамки на НАТО ние остануваме стратешки поврзани во сите аспекти на трансантлантскиот контекст, независно дали се работи за сојузништво во областа на одбраната, економските можности, промоцијата на заедничките вредности. Нема посилна врска од онаа што ја имаат сојузниците, а Членот 5 од Северноатлантското сојузништво значи задничка одбранбена политика, што е исклучително важна основа врз која се засноваат нашите меѓусебни односи, рече Рикер.

Процесот на пристапување кон ЕУ, посочи, ќе помогне да се положат темелите за попросперитетни и помирни времиња кои се засновани на темелните вредности и демократските начела. САД, нагласи, ги поддржуваат земјите членки на Унијата да ја одржат првата меѓувладина конференција со Северна Македонија и Албанија и без одложување да ги остварат своите заложби и ветувања.

Во пресрет на 4 јули – Денот на независноста на САД,  Американската амбасада во средата организираше изложба насловена „Ноќ во музејот“ во која фокусот беше ставен на улогата на уметноста во отсликувањето на историјата. Амбасадорката Кејт Мари Брнз во присуство на претседателот на Собранието, Талат Џафери и претставници на институции од областа на културата и уметноста, уметници и други гости, истакна дека виртуелната изложба е обид во услови на пандемија да се одржи посебен настан со физичко присуство, со кој ќе се покаже дека се наѕира светло на крајот од тунелот, по што продолжуваме по патот напред.

– Уметноста ни дава контекст и перспектива потсетувајќи не на времињата во кои сме надминале предизвици и сме се соочиле со кризи кои се чинеле огромни речиси ненадминливи во тоа време. Оваа изложба дава хроника на нашата Војна за независност и раѓањето на нашата демократија. Таа не носи низ нашата експанзија кон запад, до темните денови на нашата Граѓанска војна, се до 20-от век со сите бурни превирања од двете светски војни и големата депресија. Таа не води низ Студената војна и нејзиното пропаѓање, до трагедијата од 11 септември, па се до сегашноста. Оваа уметност ја покажува Америка каква што е – претставничка демократија во континуиран развој со сите нејзини убавини и недостатоци. Таа ја дава суштината на тоа кои сме ние – нација создадена на сет на идеaли кои го издржаа тестот во изминатите 245 години, која продолжува да се бори за уште подобра унија, рече Брнз.

Со користење на иновативна технологија беа презентирани дела кои припаѓаат на колекцијата на Музејот „Смитсонијан“ и ги претставуваат клучните периоди од американската национална историја.

Денот на независноста се слави во спомен на 4 јули во 1776 година, кога е усвоена Декларацијата за независност, со која се прогласи независност од Велика Британија. 

4 јули амбасада Македонија Огномет прослава САД
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Скопје: Протест „Марш за Ангелите“ – шест месеци од трагедијата во дискотеката во Кочани

ВЕСТИ September 16, 2025

Денеска се навршуваат шест месеци од трагедијата во дискотеката „Пулс” во Кочани, во која животот…

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

September 15, 2025

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.