Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Амди Бајрам има три фирми во Бугарија, тој тврди 100 отсто е грешка

2
By Нова ТВ on June 28, 2016 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, June 28, 2016 13:01

Вкупно 3693 македонски граѓани фигурираат како основачи, директори или партнери во фирми формирани во Бугарија, дознава НОВАТВ. Според документите до кои дојде нашата редакција меѓу нив има двајца пратеници, познати бизнисмени, големи фирми и имиња кои не се познати во јавноста.

Амди Бајрам тврди дека 100 отсто е грешка

Пратеникот Амди Бајрам кој според анкетниот лист доставен до Антикорупциската комисија важи за еден од најсиромашните пратеници, според документите на НОВА во Бугарија бизнисот му цвета. Амди Бајрам и неговото семејство имаат три фирми. Најстара е компанијата Џани Версачи ООД формирана во 2009 година, потоа во 2014 ја создал Евро Шутекс ООД, а годинава во февруари бизнисот го проширил и ја регистрирал компанијата Рентакар Интернационал ООД. Во сите три фирми Амди Бајрам фигурира како директор, заедно со членови на потесното семејство, а во две е и неговиот син Елвис Бајрам – градоначалник на Шуто Оризари. Седиштата на сите три фирми е во Ќустендил на различни адреси.

ucilishte-shuto-orizari-2
Амди и Елвис Бајрам

Овие фирми ни пратеникот – татко, ниту градоначалникот – син ги немаат пријавено во нивните имотни листови. Според анкетниот лист на Амди Бајрам, тој поседува само возило Пежо старо седум години. А, има и кредит кој го подигнал во 2009 година во вредност од 30.000 евра, сума идентична со автомобилот. Неговиот син пак, Елвис Бајрам, во анкетниот лист пријавил дека има куќа која е имот на неговите родители во вредност од 30.000 евра.

Непријавувањето на имот за избрани и именувани функционери е противзаконско дело. Прво, затоа што ги премолчиле во нивната имотна состојба која ја ставаат на увид во Антикорупциската комисија и второ затоа што како функционер Амди Бајрам не смее да има друга функција, ниту пак да биде сопственик во фирма. Побаравме коментар од Антикорупциската комисија, но од таму како и во изминатите години, ни денеска никој не одговори на нашите повици.

Amdi-Bajram-na-promocija-Custom

Пратеникот Бајрам во телефонски разговор изјави дека тоа било грешка и дека тој не поседувал фирми во Бугарија. Иако како сопственици и партнери се јавува и неговиот син Елвис, потоа членови на неговото потесно семејство Габриел и Шабан, а едната фирма дури го носи и името на неговиот внук Џани Версаче, сепак тој тврди дека тој не е Амди Бајрам од регистарот во Бугарија.

„Грешка е тоа. Можеби е друг Амди Бајрам. Не сум јас тој. 100 посто е грешка“, ни изјави пратеникот Бајрам во телефонски разговор.

Освен семејството Бајрам, фирма во Бугарија има и пратеникот Васил Пишев од ВМРО-ДПМНЕ. Тој е еден од најбогатите пратеници, но за разлика од Амди Бајрам, тој добро го изменаџирал бизнисот во Бугарија. Неговите удели во двете фирми од Благоевград се пријавени, но таму тој не се појавува како сопственик или директор, туку како партнер. Фирмите во кои Пишев поседува удели Ал-макс и Гарантстрои се регистрирани во Благоевград.

pisev
Васил Пишев

Гуштеров, Азманов, Даневски на списокот во бугарскиот Централен регистар

Не се само пратениците, во Бугарија фирма има и бизнисменот Ристо Гуштеров Глобал Груп Интернешнл регистрирана во Варна во 2014 година. Две компании има и градежниот магнат Зоран Азманов, кој во Бугарија поседува две фирми – Настел и Настел Експорт. Свои компании имаат и фирмите Гранит и Цементарници Усје.

gusterov-sdsm-pari-zaev-rusija
Ристо Гуштеров

Секако, бугарскиот Централен регистар не би бил комплетен ако таму не е контроверзниот бизнисмен Орце Камчев. Тој неодамна го прошири својот бизнис во Бугарија и пред два месеци ја купи најголемата приватна здравствена установа – јапонската болница „Токуда“.

danevski
Слободан Даневски

Во Бугарија фирма има и поранешниот градоначалник на Свети Николе Слободан Даневски – Агро Ленд Бугарија. Даневски беше осуден на затворска казна за проневера на пари во време кога бил претседател на Управниот одбор на Агрокомбинатот „Џумајлија“ и во моментов казната ја издржува во затворот во Штип.

Компанија има и членот на Советот на општина Куманово од СДСМ Максим Димитриевски. Тој е еден од сопствениците во МБС Глобал, заедно со уште три други лица. Димитриевски за НОВА потврди дека фирмата е формирана пред скоро две години, но не е активна.

maxresdefault
Максим Димитриевски

„Точно е дека имам регистрирано фирма во Бугарија, но се уште не е ставена во функција. Сопствен бизнис имам во Македонија веќе 20 години, а фирмата во Бугарија е обид да се прошири и на бугарскиот пазар. Но, засега за жал, се уште не е активна. Уделот во фирмата ми е пријавен во имотниот лист во Антикорупциската комисија.“, изјави за НОВА советникот од Куманово, Максим Димитриевски.

Амди Бајрам Антикорупциска комисија Бугарија Елвис Бајрам имотен лист фирма централен регистар
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

October 26, 2026

Од долгите редици во Белград до високата излезност: ЦИВИЛ МЕДИА со теренски извештаи, видеа и анализи за изборите во Србија

October 25, 2026

Погледнете ги барем само студентите од Србија

October 24, 2026

Од летечки бомби до интелигентни машини: Смртоносната еволуција на дроновите

October 24, 2026

Србија пред избори: Неизвесна трка, високи тензии, инциденти, анкети со различни резултати

October 24, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

October 26, 2026

Од долгите редици во Белград до високата излезност: ЦИВИЛ МЕДИА со теренски извештаи, видеа и анализи за изборите во Србија

October 25, 2026

Погледнете ги барем само студентите од Србија

October 24, 2026

Од летечки бомби до интелигентни машини: Смртоносната еволуција на дроновите

October 24, 2026

Србија пред избори: Неизвесна трка, високи тензии, инциденти, анкети со различни резултати

October 24, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.