Американскиот претседател Доналд Трамп го потпиша предлог законот за привремено финансирање на владата на САД, со кој се става крај на тридневната блокада поради која не работеа некои федерални служби.
За ова зелено светло даде претходно Сенатот.
За повторно отворање на федералните агенции гласаа 81 сенатор, додека 18 беа против. За гласање за буџетските прашања е потребно мнозинство од 60 сенатори.
Американската влада беше блокирана од саботата откако не беше постигнат договор за буџетот што демократите го условуваа со договорот за заштита од депортација на околу 700 илјади имигранти кои во земјата се доведени како деца и осатнале илегално.
Во Сенатот е постигната согласност до 8 февруари да почне дебата за предлог законот за имиграцијата.