Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Американски ветар во грбот на првата македонско-албанска коалиција

0
By Нова ТВ on March 5, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, March 5, 2020 18:04

Што значи посетата на САД и средбите на високо ниво во Стејт департментот на лидерот на Движењето Беса, Билал Касами, во предвечерието на предвремените парламентарни избори.

Тој отпатува во САД не само како лидер на БЕСА, туку уште поважно, како претставник на првата коалиција во политичката историја на младата демократија меѓу политички субјекти од т.н македонски и албански блок, а која заедно со лидерот на СДСМ, Зоран Заев, ја официјализираа само неколку дена пред да се качи во авионот за Вашингтон.

Касами се сретна со помошник државниот секретар на САД за европски и евроазиски прашања, Филип Рикер, кој како екс-амбасадор во земјава е извонреден познавач на овдешните политички состојби. Како што самиот објави не само од Рикер, туку од сите дипломати со кои што се сретнал, добил позитивна оценка за коалицијата, со која, како што најави Заев, се поразува моноетничкиот концепт кога партиите се обраќаа само на своите гласачи, само на својот етнички кампус.

Во ситуација кога се динамизира состојбата во албанскиот политички блок се праќа ли можеби на ваков начин порака до „американското чедо“ во изминативе две декади ДУИ, која деновиве фрла со дрвја и камења по коалицијата СДСМ-БЕСА, оквалификувајќи ја како негативна и дефакторизирачка за албанскиот глас?

Професорот, Ѓорѓи Спасов, оценува дека посетата на Касами сигурно била планирана порано и не е резултат на постигнатиот договор за предизборно коалицирање на БЕСА со СДСМ. Тајмингот на посетата, сепак како што нагласува, упатува на тоа дека САД таквите предизборни коалиции ги сметаат за корисни а не штетни за Албанците во Македонија.

„Тие упатуваат еден вид порака дека тој модел на предизборно коалицирање може да  биде фактор за подобро внатрешно интегрирање на земјата и за нејзина поголема политичка стабилност“, вели Спасов.

Претседателот на Евроатлантскиот совет, Исмет Рамадани, пак, смета дека посетата на Касами може да се толкува и како индиректна порака до ДУИ, чие сиже би било: Вашето актуелно политичко поведение може да ја наруши нашата доверба и поддршка.

„И САД и ЕУ се залагаат за разбивање на стереотипите и табуата на еднонационални чисти партии. Овој потег на СДСМ и БЕСА тие го поздравуваат и таа порака со дипломатски манир  ја испраќаат и преку вакви средби. Касами бил во САД, но досега немал средби на така високо ниво, кои не случајно се поклопуваат со новиот моментум на овдешната политичка сцена.  За САД тоа е исправната опција која дава надеж во рамките на она што значи мултиетничко општество и неа треба да ја следат и останатите политички субјекти доколку сакаат перспектива. ДУИ се обиде да направи пробив во тој контекст, таков пример беше коалицијата со СДСМ на последните локални избори. Но факт е дека се неконзистентни, несигурни, нестабилни во однос на таквото политичко дејствување. Играат напред-назад“, вели Рамадани.

Според него лидерот на СДСМ, Зоран Заев, ги надминал сите во рушењето на стереотипите.

„Презеде уште еден ризичен, смел и храбар потег, откако ги апсолвираше поголемите национални теми. И тој сега сака националистичките теми да им ги остави на другите партии. Според мене нештата се драматично променети и доколку сакаат успех останатите партии ќе мора да го следат неговиот пример, инаку се осудени на пропаст. Тоа е исклучително позитивно за сите нас, за целокупното општество“, нагласува Рамадани.

Министерот задолжен за дијаспората од редовите на СДСМ, Едмонд Адеми, паралелно со посетата на Касами на САД изјави дека потребна е уште една албанска партија за политичка стабилност, што во дел од политичките кругови беше протолкувано како намигнување кон коалицијата на Алијансата на Албанците и Алтернатива, со оглед на се поострите јавни препукувања меѓу ДУИ и СДСМ, во кои, ако досега се држеше на дистанца, сега се вклучи и самиот Заев.

Според Спасов изјавата на Адеми, сепак, не упатува на тоа кој коалиционен партнер  го преферира СДСМ во идната влада.

„Тој само констатира дека коалицијата меѓу СДСМ и БЕСА не значи дека идејата е да прават Влада сами, дури и ако коалицијата освои 61 пратеник. Тој според мене, само кажува дека, независно од тоа колку пратеници од албанска националност ќе има коалицијата на СДСМ и Беса, во идната влада ако ја прави СДСМ, ќе има место и за други партии на етничките Албанци, во зависност од резултатот што тие ќе го постигнат на изборите“, вели Спасов.

Во однос на конфронтацијата меѓу СДСМ и ДУИ, смета дека таа е очекувана во ситуација кога двете партии очекуваат поддршка од исто гласачко тело.

„Политиката на СДСМ, ДУИ без причина ја смета за „дефакторизирање на Албанците“ бидејќи Албанците сега добиваат можност да бидат вклучени во политиката не само како коалициони партнери на македонските етнички партии туку и како членови на тие партии или носители на заеднички листи со нив. Тоа според мене им носи дополнителна моќ“, нагласува Спасов.

Додека Касами беше во САД, ДУИ се пофали дека е конечно завршено преименувањето на две училишта во Чаир, враќајќи ги со тоа на сцена сите контроверзи на таа одлука којашто беше донесена во времето на коалицијата на „интегративците“ со ВМРО-ДПМНЕ. Иако првично кажа дека не може одлуките да се носат на незаконски начин, Заев се коригираше откако, како што самиот рече, се консултирал со правните тимови.

„Заев правилно постапи што ја призна грешката во врска со имињата на училиштата во Чаир. Непотребно подигање на етничките тензии им одговара само на чисто етничките партии, кои се претставуваат како единствени заштитници на етничките интереси. Политиката на СДСМ е Македонија – едно општество за сите. Таа политика најголем број од Македонците и од Албанците ја подржуваат и им носи корист на сите во Македонија. Тоа е политика на меѓусебно почитување и разбирање, политика на решавање на проблемите преку постигнувањето компромиси и зацврстување на внатрешното интегрирање на земјата како услов за нејзино целосно интегрирање во НАТО и во ЕУ“, вели Спасов.

Беса Билал Касами Ѓорѓи Спасов Исмет Рамадани коалиција Филип Рикер
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.