Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска остварил телефонски разговор со ирачкиот премиер Мустафа ал-Кадими, во рамките на кој го осуди терористичкиот напад кој за цел ја имаше премиерската резиденција но и дека му олеснило што премиерот ал-Кадими бил неповреден.

Како што соопшти Американскиот Стејт Департмент, Блинкен истакнал дека овој напад е напад врз суверенитетот и стабилноста на Ирачката држава. Блинкен им понуди помош на Безбедносните сили на Ирак во истрагата за нападот.