Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Американските санкции спрема Иран стапија во сила

0
By Нова ТВ on August 7, 2018 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Влезе во сила одлуката на САД одново да наложи санкции на Иран, кои беа повлечени по историскиот договор за нуклеарната програма на Техеран во 2015 година, јави ДПА. Во мај, американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека официјален Вашингтон се повлекува од договорот.

Првата група санкции, кои се однесуваат на финансиските трансакции, автомобилскиот сектор, трговската авијација и извозот на килими и прехранбени продукти, стапи во сила на полноќ, по источноамериканско време (6 часот по македонско).

Во ноември ќе стапат во сила втората група санкции, кои се однесуваат на енергетскиот и банкарскиот сектор на Иран.

По потпишувањето на указот за повторно воведување санкции, Трамп во соопштение наведе дека меѓународниот договор за запирање на иранската нуклеарна програма во замена за укинување на санкциите е „страшен, едностран договор“ со кој иранската Влада заработи пари кои ги користи за ширење конфликти на Блискиот Исток.

„Ги повикуваме сите држави да преземат чекори кои покажуваат дека иранскиот режим се соочува со избор: или да ги смени своето заканувачко, дестабилизирачко однесување и да се реинтегрира во глобалната економија или да продолжи по патот на економска изолација“, се наведува во вчерашното соопштение на Трамп.

Тој предупреди дека сите тие кои нема да ги прекинат економските врски со Иран „ризикуваат тешки последици“.

Европската унија во текот на вчерашниот ден  изрази жалење поради одлуката на САД за враќање на претходно укинатите санкции кон Иран и најави дека од денеска стапуваат во сила мерките за заштита на интересите на европските компании што соработуваат со ирански фирми.

Мерките за заштита на европските компании, кои стапија во сила денеска во шест часот по средноевропско време, им овозможуваат на фирмите со седиште во ЕУ да добијат надомест за претрпените штети од американските санкции кон Иран.

Со мерките, исто така, на европските фирми им се забранува почитување на „екстериторијалните санкции на САД, со исклучок на случаите кога за нешто такво специјална долука ќе донесе Европската комисија“.

Рохани: Ние сме за разговори, но за тоа е потребна искреност

Претседателот на Иран, Хасан Рохани во пресрет на санкции вчера изјави дека Техеран е подготвен да разговара со САД но само ако Вашингтон се покаже како доверлив соговорник.

– Секогаш сме за дипломатија и разговори… Но за разговор е потребна искреност. САД повторно воведуваат санкции кон Иран и се повлекуваат од нуклеарниот договор, а сега сакаат да разговараат со нас, посочи Рохани во обраќањето што беше пренесувано на државната телевизија.

Рохани потенцира дека апелот на американскиот претседател Доналд Трамп за директни разговори е само за внатрешна употреба во САД, со цел да создадат хаос во Иран.

На удар и ЕУ

За Европската Унија, повторното воведување на овие санкциите претставува проблем од повеќе причини. Едната е вложениот политички и дипломатски влог во преговорите, како и оценката на ЕУ дека преку овој договор се зајакнува безбедноста на Блискиот Исток и на Западот.

Втората се европските компании на кои, откако стапи овој договор во сила во 2015, им е повторно дозволено да тргуваат и инвестираат во Иран.

Екстратериторијалната природа на американските санкции кои стапуваат во сила денеска ќе ги погоди европските компании, меѓу кои има и звучни имиња како ПСА, Тотал или Ербас.

ЕУ ги увери компаниите дека ќе стори сѐ што може да ги заштити од последиците од американските санкции, и за таа цел во мај е активиран европски механизам за блокада. Овој европски закон постои од времето на ембаргото на САД врз Куба и им овозможува на државите и компаниите од ЕУ да бидат изземени од странски санкции.

Прашање е дали оваа мерка ќе биде доволна за да ги увери големите европски компании да продолжат да тргуваат со Иран, или дали американскиот притисок и важноста на односите со САД за овие компании ќе преовладее. Но, за сега повеќето од нив одлучија да се повлечат од Иран.

ЕУ Иран САД санкции
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.