Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

АНАЛИЗА: 30% од семејствата имаат проблем со нормална живеачка

0
By Нова ТВ on January 23, 2017 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, January 23, 2017 12:01

Дури 30% од домаќинствата, или секое трето  семејство, со вкупните месечни приходи многу тешко ги задоволува потребите. Од друга страна само 3,6% од домаќинствата изјавиле дека многу лесно со приходи го преживуваат месецот. Новото истражување “Анкета за приходи и услови на живеење“ што го објави Заводот за статистика покажува дека во 2015 година, сиромшатијата на ниво на државата се намалила на 21,5 но и натаму 445 200 луѓе живеат под прагот на сиромаштија, пишува во неделната економска анализа на Portalb.mk.

Во Македонија – тешко се преживува …

Дури 56,8% од семејствата живеат многу тешко или тешко со вкупните месечни приходи, од овој процент 30 отсто изјавиле дека живеат многу тешко а 26,8 отсто тешко со месечните  приходи. Ова го покажува новото истражување на Државниот завод за статистика, кое го анализира социјалниот, економскиот и финансискиот статус на домаќинствата во период од 2013, 2014 и 2015 година.

Не е мал ниту процентот на домаќинствата, 29,9 отсто,  кои изјавиле дека со месечните примања живеат со извесни тешкотии.  Од друга страна 9 отсто изјавиле дека со  приходите месецот го туркаат подносително лесно, 3,6 отсто рекле дека лесно ги задоволуваат потребите додека 0,7 отсто изјавиле дека многу лесно го туркаат месецот.

Она што може да се смета како “аларм“ е намалувањето на бројот на домаќинства кои сметаат дека нивната здравствена состојба е добра или многу добра.

“На прашањето – Како ја оценувате вашата општа здравствена состојба, 48.8% од населението се изјаснило – добра, 28.7% – многу добра, додека лоша здравствена состојба имаат 6.9% од лицата во домаќинствата“ – се наведува во анализата на државната статистика.

Како изгледа ова компаративно? За разлика од 2015 година, кога 48,8% од населението изјавило дека е во  добра општа здравствена состојба, во 2014 година овој процент изнесувал 49,6%. Пораст има кај населението кои вели дека општата здравствена состојба е лоша, во 2015 ова го изјавиле 6,9% а во 2014 6,8%. Дека се во многу лоша општа здравтсвена состојба во 2015 година се изјасниле 2,1%  а во 2014 година 1,7%.

Сиромаштијата се намалува – но колку и како ?

На ниво на државата, статистика измери дека сиромаштијата се намалува.

“Стапката на сиромашни лица, пресметана според препораките на Евростат, во 2013 година изнесуваше 24.2%, во 2014 година 22.1%, додека во 2015 година 21.5% од лицата живеат под прагот на сиромаштија“ – соопштуваат од Заводот за статистика.

И покрај трендот на намалување на сиромаштијата, и натаму, 445 200 луѓе живеат под праг на сиромаштија, не можејќи да ги задоволат основните животни потреби. Така, едно сиромашно четиричлено семјство, од двајца возрасни и две деца помали од 14 години, месечно располага со 223 евра, пари со кои треба да се подмират сите животни месечни потреби, храна, комуналии, образование, здравство, пишува неделната економска анализа на Portalb.mk

Податоците покажуваат дека и домаќинствата со вработени не се во многу завидна состојба. Така, според вкупниот  расположлив приход, домаќинствата со вработени, односно со плати од вработеност,  месечно располагаат со 260 евра. Оваа сума во 2015 година во однос на 2014 година се зголемила за скоро 18 евра на месечно ниво. Сепак, најподложни на сиромашатијата се невработените, кај нив стапката на сиромаштија изнесува 39,7%. Неодамнешната студија “Неусогласеност на (не)вработеноста на пазарот на труд во Македонија“,  потпишана од Викторија Атанасовска-Новески и универзитетскиот професор Предраг Трпески покажа дека во земјава владее синдром на “обесхрабрени работници“.

“Половина од невработените чекаат работа повеќе од пет години. Странските директни инвестции помогнаа да се отворат нови работни места, но во исто време предизвикаа сериозни поместувања на пазарот на труд – преку вработување на нискоквалификувана работна сила. Младите луѓе и натаму најмногу на удар на невработеноста, особено оние со диполма во рака“ – се дел од нодите во истражувањето.

Македонија, во изминатите години испорачуваше позитивни стапки на економски раст, но тој тренд значајно не го подобри животниот стандард.

“На македонската економија реално и е потребна стапка на раст од 12% во период од 10 години за да може да издржи еден ваков гломазен Буџет без задолжуавња. Објаснето на едноставен начин, ако сега трошам 1000 евра а догдоина планирам да потрошам 2 000 евра, но платата ќе ми порасне само 4%, од каде ќе ги обезбедам кусокот на пари, освен преку кредит. Тоа сега и се случува на економијата“, оцени неодмана економистот  Зоран Витанов.

Стандардот на македонските граѓани во однос на европскиот просек изнесува 36% што ја вбројува земјата во групата на оние чии граѓани имаат најнизок стандард.

анализа Порталб сиромаштија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.