Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

АНАЛИЗА: Ќе растат каматите на кредитите?

0
By Нова ТВ on October 9, 2017 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, October 9, 2017 14:32

Народната банка регистрира “бетонирани“ камати за кредитите, дел од банкарите највувата дека “ерата“ на евтини пари завршува. Пресудна за банкарството ќе биде следната 2018 година, кога се очекува раст на каматите на светско ниво – тренд на кој нема да остане имуна ниту Македонија, пишува неделната економска анализа на Portalb.mk.

Во осмиот месец од годинава Народната банка регистрираше пораст кај вкупната кредитна изложеност и депозитната база на банките, во споредба со август, има забавување на кредитирањето на фирми, додека раст има кај кредитирањето на население.

Раст на кредитите за население, намалување за фирмите..

Незначително намалување на каматите за новоодобрените кредити за фирмите, додека за веќе одборените кредити на корпоративниот сектор висната на каматата е непроменета. Овој тренд во банкарството го регистрираше Народната банка од каде посочуваат дека во осмиот месец од годинава, главно каматите и за кредитите и за депозитите се “бетонирани“.

“Каматните стапки и на кредитите и на депозитите во август годинава не забележуваат промена во однос на претходниот месец. Тие се задржаа на ниво од 5,9 отсто кај кредитите и 1,5 отсто кај депозитите, објави Народна банка на РМ. Кај новоодобрените кредити просечната каматна стапка во август изнесувала 5,2 проценти при што е забележана надолна месечна промена од 0,2 процентни поени,  Каматната стапка кај вкупните кредити на корпоративниот сектор во август е без промена на месечно ниво и изнесува 5,4 процент, но на годишна основа кај оваа каматна стапка е забележан пад за 0,7 проценти поени“ – велат од НБМ.

И дел од банкарите потврдуваат дека засега нема значајни промени во каматната политика.

“Во изминаиот период немаше услови за корекција на каматните стапки во надолна линија. Се соочивме со тренд на забавување на побарувачката на кредити, особено кај корпоративниот скетор а воздржаност беше забележлива и кај неселението. Како причина секако е неизвесноста од политичката криза која го обои и првото економско полугодие. Замајќи ги предвид овие движења, услови за позначајна корекција на каматите немаше“ – коментираат за “Порталб“ од една од водечките банкарски групации во земјава.

За дел од банкарите, полека но сигурно завршува “ерата“ на евтини кредити.  Следната 2018 година би можело да се очекува раст на каматите, како тренд во светски рамки на кој нема да остане имуна ниту Македонија.

“Меѓународните финансиски пазари имаат висока ликвидност. Моментално каматните стапки на меѓународните финансиски пазари се на историско најниско ниво, меѓутоа истовремено Централната банка на САД но и Европската Цнетрална Банка најавија дека ќе се започне со процесот на намалување на ликвидноста и раст на каматните стапки, меѓутоа сето тоа се очекува да биде координирано и постепено, без некои големи шокови во приватниот сектор. Но ова не значи дека ќе се случи утре и дека тоа ќе бидат брзи промени, но таквис е предвидувањата дека тоа ќе се случува кон крајот на 2018 година на светско ниво, што најверојатно ќе се пренесе и во Македонија“, вели Глигор Бишев, директор на Шпаркасе Банка.

Заклучно со осмиот месец од годинава, вкупната кредитна изложеност на банките изнесува 4 милијарди и 681 милион евра. Во споредба со состојбата од јануари, кредината изложеност е заголемена за близу 161 милион евра. Во август во споредба со јули,  пораст има и кај денарските и девизните кредити. Населението во банките должи 2 милијарди и 247 милиони евра , што во споредба со првиот емсец од 2017 година преставува раст од 138 000 000 евра додека во споредба со јануари 2016 година растот изнесува 277 500 000 евра.

Прватниот и јавниот сектор на крајот на август,  во банките должеле 2 милијарди и 414 милиони евра. Во однос на август, Народната банка регистрираше пораст на кредитирањето на домаќинствата додека кај приватниот сектор има намалување. Дел од банкарите оценија дека забавениот кредитен раст кај корпоративниот сектор е очекувана последица од политичката криза.

Од една страна банките се со зголемена внимателност при кредитна изложеност кон фирмите, но и фирмите демонстрираа воздржаност од кредитни задолжувања, особено за инвестициски зафати, во очекување на разврска на политичката сцена. 

Депозитна база од фантастични 5,2 милијарди евра

За депозитите, според мерењата на Народната банка, во август каматата за  новопримените депозити изнесувала 1,3 отсто при што е забележан месечен раст од 0,1 процентен поен.

“Во август е забележано минимално намалување од 0,1 процентен поен на каматната стапка на вкупните примени депозити од корпоративниот сектор. Каматната стапка изнесува 1,8 проценти, а на годишно ниво таа бележи намалување од 0,2 процентни поени. Новопримените депозити на корпоративниот сектор во август се со непроменета каматна стапка во однос на претходниот месец на ниво од 1 отсто, но споредено со август 2016 година бележи раст од 0,1 процентен поен“ – соопштија од НБМ.

Според последните расположливи податоци, во август вкупната депозитна база изнесува 5 милијарди и 243 милиони евра и во однос на состојбата во јануари, таа е зголемена за 44,4 милиони евра. Податоците покажуваат дека 58,7% од депозитите се во денари додека 41,3% се девизни депозитите. Така, од купната база 3 милиајрди евра се практично денарски а останатите 2,2 милијарди Во август, вкупните депозити на приватниот и јавниот нефинансиски сектор изнесувале 1,3 милијарди евра и во однос на јули, НБМ регистрала пораст.  

камати кредити
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.