Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Анализа: Ќе расте бројот на пензионери – за пензии над една милијарда евра

0
By Нова ТВ on July 22, 2020 ВЕСТИ
Фото: istokpress.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, July 22, 2020 10:48

Сумата за редовна исплата на пензиите значително ќе порасне во наредните две години, како што ќе се зголемува и бројот на пензионери. По увидот во новиот „Стратегиски план 2020-2022 година“ на државниот Фонд за пензиско и инвалидско осигурување (ПИОМ), „Порталб“ објавува дека проекциите укажуваат на тоа дека во 2022 година, за редовна исплата на пензии, ќе бидат потребни над една милијарда евра.

Во 2022 година ќе има 10.150 пензионери повеќе од сега

Во 2022 година, во споредба со годинава, прогнозите на ПИОМ покажуваат дека бројот на пензионери во земјава ќе се зголеми за нови 10.153 корисници на пензија. Стратегискиот план 2020-2022 што ги содржи проекциите за бројот на пензионери и сумата потребна за редовна исплата на пензии, укажува на нагорен тренд на бројот на нови пензионери.

Корисници на пензија

2020 година                                        327 125

2021 година                                        332 163

2022 година                                         337 278

Ќе расте бројот на пензионери, ќе растат и расходите на државниот фонд кој е зависен од парите на Централниот буџет без чии трансфери не може да исплати пензии. Податоците покажуваат дека менаџментот на ПИОМ проектира раст на расходите за пензии, кон приватните пензиски фондови, за плати и надоместоци на вработени.

Конкретно, годинава, според стратегискиот план, само за исплата на пензии на ПИОМ му се потребни 946 милиони евра. Оваа сума во наредната година ќе се достигне ниво од 980 милиони евра, а во 2022 година ќе надмине една милијарда евра.

Висина на пензии – колку пензионери примаат над 640 евра 

Заклучно со првото економско полугодие – во земјава имало 324.518 пензионери. Најголем дел од нив или поточно 206.421 примаат пензија од 11.863 денари до 39.356, а само мал дел, односно 2.587 пензионери имаат месечна пензија од 39.356 денари до дури 53.371 денари.

На крајот од 2019 година во земјава имало 322.704 пензионери додека во државната каса придонеси плаќале 581.405 осигуреници, што значи дека на еден корисник на пензија имало 1,8 вработени – лица кои плаќале придонеси.

Одржливоста на државниот пензиски фонд стана хроничен проблем кој се заостри во 2007 година по реформата во пензискиот систем и воведувањето на вториот пензиски столб, а потоа и со намалувањето на даночните стапки, конкретно во 2019 година придонесот за пензиско осигурување изнесуваше 21,2 отсто, а во 2010 година се намали на 18 отсто. Следуваа години на даночни ослободувања од придонеси за одделни категории на вработени, што дополнително ги затвори вентилите за финансисрање на државниот ПИОМ. Оваа состојба ја нотираа и ревизорите во еден од последните извештаи со кои под лупа се стави состојбата во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување.

„Во 2018 година за покривање на дефицитот трансферирани се средства во износ од 478 милиони евра. Утврдената состојба е резултат на стапката на невработеност, законските решенија за ослободување и повластеното плаќање придонес, неповолниот сооднос на бројот на вработени и пензионери – 1,83 вработени на еден пензионер, висината на стапката на задолжителното ПИО која согласно законските решенија на Фондот изнесува 18 отсто заклучно со 2018 година“, пишуваат ревизорите.

Дополнително констатираат дека учеството на изборните приходи од наплатен придонес секоја година се намалува додека расте износот на средствата што се одвојуваат од Централниот Буџет за покривање на дефицитот во ПИОМ. Па така, парите од државниот Буџет во 2011 година во приходите на ПИОМ учествувале со 35,7 отсто додека во 2018 година се искачуваат на ниво од 43 отсто. Лани регистрирано е намалување на ова учество на државните средства во алиментирање на дупката во касата на државниот фонд.

СДСМ, која според првичните резултати е победник на предвремените паралментрани избори, доколку ја формира новата Влада, најавува натамошно зголемување на пензиите, но според моделот на усогласување со трошоците на живот, односно не се нуди фиксен гарантиран износ за линеарен пораст на пензиите.

„Стратегиски план 2020-2022“ анализа пари пензии пензионери ПИОМ Порталб
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.