Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Анализа: Македонската кошарка со фатални грешки во чекори

0
By Нова ТВ on September 15, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Македонија беше четврта на ЕП 2011, наредното во 2017 година ќе мине без неа. Кошаркарската репрезентација, во меѓувреме, настапи уште на два континентални шампионата (во 2013 година заврши како 21, во 2015 година како 19) и во квалификации за Игрите во Лондон во 2012. Резултатите не беа ни блиску како историскиот од Литванија. Од „Леле луѓе што направивме“, легендарниот восклик на Владо Илиевски, дојде време да се прашаме што правиме и каде тераме. Одговор на првото е ништо, на второто кон Б дивизија ако се има предвид најавата за промена на квалификацискиот форма од 2019 година.

Што се случува со македонската кошарка? – Секако, онаа репрезентативната. Ова е прашање што во континуитет се врти по ланскиот настап на ЕП, кулминира по тековниот неславен обид за шесто присуство на континенталните собири.

imagesАдреса за упатување на прашалникот е Кошаркарската федерација на Македонија. Таму лежат голем дел од одговорите и причините за стрмоглавиот пад на националниот тим. Страста на раководство да се претстави како суверен владетел на мак баскетот со примеси на суетност даде контраефект на децениско градење од ништо нешто.

Кадровски утки и промашени засилувања

Во прв ред се кадровските решенија. Човекот (Александар Џикиќ) што направи делумна смена на генерации за квалификациите за ЕП 2015 и успеа да се протне до целта, одеднаш доби благодарност за ангажманот. На неполн месец до патување во Загреб беше назначен негов наследник (Марјан Србиновски) кој во моментот го немаше потребното искуство.

Една година потоа нова грешка во чекори. Прво селекторското место беше испразнето долг период со образложение дека до почетокот на квалификациите има време. Веста дека конечно е најден предводник требаше да одекне како бомба покрај сите тие имиња што неофицијално се вртеа во јавноста. Наместо тоа, промоцијата беше со јачина на петарда. Довербата на крај заврши за Драган Раца. Анонимен за овие простори, а најавен како искусен што работел во Кина и бил на кормилото на Либан. И како таков не наиде на  нож. Сомневања за неговиот капацитет постоеја како што, додуша, постоеја и за капацитетот на составот без Антиќ, Гечевски, Чековски, Меккејлеб, Илиевски, Самарџиски меѓутоа ефектот во циклусот не само што требаше туку и мораше да биде подобар од пласман пред Луксембург. Башка проработеа и суети, почнаа да се тргаат настрана неистомисленици, се разгоруваа медиумските препукувања со Антиќ. Се ова по доаѓање на новата гарнитура предводена од Петар Наумоски чии менаџерски способности во годината зад нас се потврдија под играчките. И „асистентите“ што го доведоа до функцијата.

mkhun005

Раца еден месец анализираше и пробуваше. Познанствата во Кина ги искористи за учество на два турнира на Далечниот исток за проверка на силите што ги има на располагање и воигрување на неколку странци од кои требаше да еден да биде натурализиран. Ефектите изостанаа, времето тогаш го дозволуваше тоа. На ред дојде објавување конечен список, почнување со подготовки, одигрување на контролни мечеви. Билансот од нив беа две победи и пет пораз со образложение од типот „формата се темпира“, „се` уште не сме вистинските, но ќе бидеме“. Играчки гледано, петте меча покажаа дека репрезентацијата е далеку од вистинското лице или подобро речено посакуваното.

kosmkd-73783Основата беа и останаа браќата Стојановски (Војдан и Дамјан) без адекватна поддршка од останатите. Бледи, недоволно воиграни и разиграни, со Дујковиќ под кошот чија висина (226 см.) повеќе беше слабост од предност, со Ромео Тревис кој воопшто не ги оправда очекувања. На подготовки дојде со договор во џеб со италијански Канту што можеби ќе беше поинаку ако требаше да се заложи да го добие преку игрите во „црвено-жолтиот“ дрес. Проблем беше и ротацијата, па заморот од тренинзите, патувања, натпревари ги стигна стандардните. Дел од повиканите беа заборавени од селекторот крај себе на клупа. Далеку дека ќе направеа разлика туку за едноставно распределување на силата. Во неколку пати повторуваше дека атмосферата не може да ја наруши никој. Така и беше. Атмосферата се наруши одвнатре со, пред се, лошите игри и резултати и загубените квалификации. Разделбата, во случајот со Раца, е неминовна. А, можеби е моментот со него да замине и Петар Наумовски.

Домашните играчи на клупа

Раца, меѓутоа, не е единствената слаба точка во репрезентацијата. Има многу „црни“ што при европското првенство минатата година и низ овие квалификации покажаа системска слабост во кошаркарскиот спорт во целина. На површина, пред се, испливува клупската минутажа на домашните играчи. Со исклучок на браќата Стојановски и Костовски, останатите ја минутажа на „лажичка“ и како такви се недоволно корисни за националниот тим. Тоа постојано го повторуваше и селекторот што и не беше непознато.

Примерите со МЗТ Скопје Аеродром, Куманово, Кожув во овој преоден рок се показател дека малку внимание се посветува на македонскиот играч. Се ангажираат Американци, Холанѓани и кошаркари од просторите на поранешната држава со сомнителен квалитет што најчесто не отскокнува од домашниот. Предност како странци, сепак, добиваат од што последици трпи директно репрезентацијата. Без чести и силни натпревари се губи рутина, седењето на клупа и статус на гледач повеќе во сала не оди во ничија корист. Губат играчите, губат клубовите, губи репрезентацијата.

кошарка МКФ Перо Антиќ Петар Наумовски репрезентација
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

ВЕСТИ September 15, 2025

На плоштадот во Скопје, утре симболично во 20:16 часот, ќе се одржи тивок собир за…

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025

Брисел: Албанија се поблиску до ЕУ – отвора уште еден кластер во преговорите

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.