Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ангеловска-Бежоска: Се очекува раст на извозот за 15,2 отсто  

0
By НОВА ТВ Balaban on May 28, 2021 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, May 28, 2021 11:21

При пад на извозната побарувачка за нашите стоки и услуги во текот на минатата година, којшто беше со сличен интензитет како и во текот на глобалната криза во 2009 година, извозот забележа пад од 10,1 отсто. За оваа година се проектира постепено закрепнување на странската побарувачка и раст на извозот од околу 15,2 отсто, што е важно за закрепнувањето на економијата по шокот што ѝ го зададе пандемијата. Впрочем, и податоците за првиот квартал од оваа година упатуваат на солиден раст на извозот.

 Ова, меѓу другото, го истакна гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска на вебинарот посветен на улогата на монетарната политика во периодот на корона-кризата и на макроекономските проекции за 2021 година, организиран од Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип (УГД). Е-настанот го отворија проректорот за настава на УГД, проф. д-р Мишко Џидров, деканката на Економскиот факултет при УГД, проф. д-р Оливера Ѓоргиева-Трајковска и проф. д-р Дарко Лазаров.

 Во воведниот дел на презентацијата, осврнувајќи се на глобалниот амбиент и видувањата на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Ангеловска-Бежоска, посочи и на значењето на глобалниот амбиент за извозната активност на македонската економија.

 „За нас, како мала економија, од клучно значење е закрепнувањето на глобалната економија, односно на нашите најзначајни трговски партнери. ММФ превидува раст на европската економија од 4,4%, а 3,6% за германската економија на која отпаѓаат над 50% од нашиот извоз. Особено е значајно што се очекува солиден раст на германската индустрија поради вклученоста на домашните производствени капацитети во германските синџири на производство на автомобили.“ – истакна гувернерката.

 Таа посочи дека ризиците за проекцијата се главно поврзани со  времетраењето на пандемијата, спроведувањето на процесот на вакцинација, продолжувањето на мерките за поддршка на економиите, како и брзината на враќање на довербата и стабилизирањето на очекувањата кај потрошувачите и инвеститорите.

 Во излагањето, Ангеловска-Бежоска даде компаративен осврт на реакциите на носителите на монетарната и на фискалната политика кај нас, во регионот и на глобално ниво, од избувнувањето на пандемијата наваму, како и на досегашните видувања за постигнатите ефекти. Потоа, таа го претстави макроекономското сценарио на Народната банка за периодот 2021-2023 година, задржувајќи се одделно на сите клучни сегменти – очекувањата за економскиот раст, движењата на цените, билансот на плаќања и очекуваниот депозитен и кредитен раст. 

 „Се очекува дека 2021 година ќе биде година на постепено закрепнување на домашната економија, при што економскиот раст ќе биде поддржан и од банкарскиот систем. Економскиот раст нема да предизвика поголеми притисоци врз инфлацијата, којашто главно би се задржала на умерено ниво.“ – истакна гувернерката во завршницата на излагањето, по што ги напомена и ризиците за проекциите, посочувајќи дека Народната банка и во следниот период внимателно ќе ги следи движењата.

 Особено радува што на вебинарот зедоа учество голем број студенти. Во дискусијата, тие учествуваа со бројни прашања, коишто придонесоа за темелни аналитички согледувања на состојбите во економијата и очекувања за следниот период.

 

Анита Ангеловска-Бежоска извоз раст
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.