Мерката за финансиска поддршка со 14.500 денари по вработен продолжува и за јунската плата. Вчера Владата донесе измена на Уредбата со која мерката наместо два месеца, ќе трае три месеци, објави министерката за финансии Нина Ангеловска на својот Фејсбук профил.

Додава дека со измени на Уредбата, фирмите што ќе користат финансиска поддршка и за месец јуни, наместо до јули ќе мораат да го задржат истиот број вработени заклучно со август.

„Досега доделена поддршка – во април 21.215 компании и 5.579 самостојни вршители на дејност; во мaj: 20.507 компании и 5.579 самостојни вршители на дејност“, наведува министерката на Фејсбук.