Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ангеловска: Стабилизан е долгот во последните три години

0
By Нова ТВ on February 20, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, February 20, 2020 13:51

Долгот во последните три години е стабилизиран за разлика од периодот 2008-2016 година, кога нагло се зголемил за 23 проценти, е пораката што министерката за финансии, Нина Ангеловска ја испрати од денешната прес-конференција на која беше презентирана новата платформа преку која граѓаните ќе имаат можност за увид во состојбата на долгот на државата. Буџетот е во одлична кондиција, нагласи Ангеловска, и има одлична ликвидност и реализација во првиот месец, додавајќи дека планираното задолжување за годинава од 600 милиони евра е за раздолжување и за покривање на буџетскиот дефицит. Но, најважно, според неа, е дека јавниот долг се стабилизира и дека на тоа укажуваат и извештаите на меѓународните организации.

„Од 2008 година до 2016 година има зголемување за 23 проценти и ако беше употребено за развој и фискална мултипликација, верувам дека ќе имавме раст над пет проценти на БДП. Треба да внимаваме каде се вложуваат средствата што се земаат. Карикирање со бројки е лесно. Податоците покажуваат дека има години наназад кога долгот растел по 700-800 милиони евра. Домашно задолжување имало по 400 милини евра што сега е сведено на 200 милиони евра“, истакна Ангеловска, напоменувајќи дека планираното годинашно задолжување преку евробврзница од 500 милиони евра нема да се случи до изборите и дека се следат движењата на меѓународниот пазар.

Според министерката, не може да се очекува да не се задолжува земја во развој која треба значајно да инвестира во инфраструктура и да се развива.

„Зборуваме за значајни инвестиции и проекти кои се потребни за да постигнеме побрз развој и не може да карикираме само со апсолутни бројки од 300, 400 или 500 милиони евра задолжување. Треба да се има предвид и растот на економијата, односно доколку растот е поголем, секако дека процентот на јавниот долг како процент од БДП е релевантен показател и се споредува како расте, не во апсолутен износ, туку во споредба со економијата“, појасни Ангеловска.

Таа укажа на податоците дека зголемувањето на долгот во последните три години се должи на средства земени за поголеми проекти како за гасоводот (55 милиони евра), потоа за автопатите Миладиновци – Штип (76 милиони евра) и за Кичево – Охрид (120 милиоони евра), за надградба на патишта (21 милиони евра), за регионални и магистрални патишта (29 милинони евра), за развој на мали и средни претпријатија (44 милиони евра), итн. До крајот на годинава е планирано јавниот долг да достигне 50,4 проценти од БДП, што претставува 1,5 проценти раст.

Новата платформа нуди податоци за движење на долгот низ годините, за планирани задолжувања, раздолжувања, податоци за државните хартии од вредност, итн.

буџет јавен долг Нина Ангеловска Платформа Финансии
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026

Рачна бомба експлодира пред зграда во главниот српски град – оштетени автомобили и локали

August 6, 2026

И Данска се милитарилизира – воведува нова 11-месечна воена

August 4, 2026

Уште двајца починаа од повредите во ресторан во главниот град на Русуија – експлозивот бил завиткан како роденденски подарок

August 2, 2026
shortcut
ФОКУС
August 12, 2026

Политико: Зеленски направи голема политичка грешка на Балканот

ВЕСТИ August 12, 2026

Посетата на украинскиот претседател Володимир Зеленски на Србија минатата недела предизвика низа бурни реакции низ…

Европа заплисната од рекордни жештини – во ек е петтиот врел бран

August 11, 2026

ФЗО не ѝ попушта ниту на полицијата

August 11, 2026

Ребека Гринспан фаворит за генерален секретар на ООН

August 11, 2026
ТИКЕР

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026

Рачна бомба експлодира пред зграда во главниот српски град – оштетени автомобили и локали

August 6, 2026

И Данска се милитарилизира – воведува нова 11-месечна воена

August 4, 2026

Уште двајца починаа од повредите во ресторан во главниот град на Русуија – експлозивот бил завиткан како роденденски подарок

August 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.