Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ангеловски: Не заборавајте против кого игравме

0
By Нова ТВ on October 10, 2016 СПОРТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Селекторот на Македонија со порака дека пробал да ги затвори приодите кон голот на Богатинов по 2:1, но, за жал, тимот не издржа

 

Игор Ангеловски во најавата за натпреварот со Италија во призна дека противничките фудбалери се фаворити, но нагласи дека македонските не сакаат да бидат статисти против четирикратниот светски првак. Така и беше. Момците во црвено не само што не беа во епизодна улога туку ги поставија „азурите“ пред голем предизвик во последните 25 минути на „Филип Втори“.
„Би сакал да честитам на Италија за победата меѓутоа вистинските честитки одат за моите фудбалери. Играа против четирикратен светски шампион и не се исплашија. Знам дека можеби ќе ме критикувате ама не заборавајте со кого игравме“, истакна Ангеловски на средбата со новинарите.
Македонија успеа да направи пресврт против една Италија што, за жал, не успеа макар до реми на крајот. Повторно беше фатално продолжението во кое Имобиле по вторпат го совлада Богатинов за огромна радост на „азурите“. „Пробавме да се затвориме со измените. За жал не издржавме. По водството со 2:1 имавме шанса и за трет гол. Не го постигнавме по што следуваше она непишано фудбалско правило за казна кога нема да се искористат своите прилики. Не отстапуваме ниту од играта ниту од формацијата. Уште понапорно ќе работиме. Ни фалат само резултати, а тие се најважни во фудбалот“, порача селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија.
Игор Ангеловски Италија СП 2018 фудбал Фудбалска репрезентација
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025

Бугарската војска со специјализирана опрема помага во чистењето на поплавената населба Елените на крајбрежјето

October 5, 2025

Шведска: 14-годишник отворил оган и повредил најмалку шестмина

October 4, 2025
ФОКУС

Кијив: Во руските напади врз Запорожје едно лице загина и девет други се повредени

ВЕСТИ October 5, 2025

Во руските напади врз Запорожје, едно лице беше убиено, девет беа ранети, голем број куќи…

Родителите од Кочани до мицкоски: треба да се засрамиш, а не да одиш со крената глава

October 4, 2025

Кочани: Нов марш за Ангелите – Обвинителниот акт е непобитен доказ дека правдата не е на страна на жртвите туку на виновниците

October 4, 2025

Хамас се согласи да ги ослободи сите израелски заложници согласно планот на Трамп

October 4, 2025
ТИКЕР

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025

Бугарската војска со специјализирана опрема помага во чистењето на поплавената населба Елените на крајбрежјето

October 5, 2025

Шведска: 14-годишник отворил оган и повредил најмалку шестмина

October 4, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.