Фудбалската репрезентација на Англија е седмиот, претпоследен, четвртфиналист на Европското првенство.
„Гордиот Албион“, пред малку на „Вембли“ во Лондон“, ја совлада Германија со 2:0, со головите на Рахим Стерлинг и Хари Кејн.
Осминафиналето меѓу големите европски ривали на „Вембли“ донесе интересен натпревар, кој не изобилуваше со врвни прилики, но Англичаните, сепак, ги искористија своите и заслужено се дел од осумте најдобри на ЕП 2020.
Последниот четвртфиналист на турнирот ќе биде познат вечерва по мечот меѓу Шведска и Украина.