НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Предизвици за економијата со кризата од коронавирусот

0
By Нова ТВ on March 27, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Кризата предизвикана од коронавирусот е многу полоша и многу пожестоко ќе се одрази врз економијата за разлика од финансиската криза пред десетина години по распадот на берзите и импликациите што ги имаше врз банките во САД кога се прелеа низ целиот свет, порачува поранешниот вицепремиер за економски прашања Кочо Анѓушев.

„Мислам дека оваа криза ќе ја афектира економијата многу пожестоко, бидејќи станува збор за многу пошироко опфатно влијание и ќе треба да се влечат многу мудри потези за да може да се подигне економијата. Ќе треба да се направат мерки како да го зачуваме здравјето на економијата и како нашите компании да преживеат – мали, средни, микро, но и големи“, рече Анѓушев во емисијата „Клик плус“ на ТВ 21.

Нагласи дека доколку големите компании не ја преживеат кризата, нема да преживеат ни малите, микро и средните, бидејќи тие соработуваат со големите компании и ќе нема со кого да работат.

„Многу е важно да се помогне на компаниите да преживеат. Некои од нив ќе можат да одржат активност во различен број на месеци, но државата ќе треба да им помогне да одржат минимална активност на компаниите што не можат сами да одржат активност. Затоа ценам дека е добра мерката за помош на компаниите за исплата на минималната плата и сметам дека треба да се усвои“, потенцира Анѓушев.

Поранешниот вицепремиер ја поздрави мерката што ја предлага претседателот на СДСМ, Зоран Заев за исплата на минимална плата за администрацијата во наредните два месеца и порача дека е прашање дали воопшти ќе може да се исплати и минимална плата, бидејќи, според него, во Буџетот ќе недостасуваат две милијарди евра поради кризата со коронавирусот.

„Погрешно е прашањето дали е добро да се намали платата на администрацијата или да не се намали. Вистинското прашање е дали ќе може да се подели и минимална плата, бидејќи во Буџетот ќе фалат две милијарди евра. Тие две милијарди евра главно треба да се трошат на плати. Ако не се скрати од платите, можеме неколку месеци да делиме плати, а после тоа може да се случи во Буџетот веќе да нема пари за плати“, рече Анѓушев.

Посочи дека вистинското прашање е дали може да се обезбедат две милијарди евра и како ќе се обезбедат тие како задолжување.

„Денеска во светот веќе не се прашува дали треба да се задолжите, туку дали можете да најдете финансиски средства и извори од каде да се задолжите. Државата сега треба да најде извор на финансирање и тоа ќе биде многу тешко, бидејќи сите држави во светот и сите големи светски компании ќе бараат дополнително финансирање и од тој аспект средства нема да има така лесно на располагање. Затоа е многу важно тоа да се направи многу побрзо, додека сè уште има такви ресурси во светот ако веќе и не е касно за да можете да добиете такви средства“, посочи Анѓушев.

Манчевски: Намалување на плати е превентивна мерка за побрзо да се вратиме во форма 

Министерот за информатичко општество и администрација и потпретседател на СДСМ, Дамјан Манчевски во истата емисија порача дека во овие времиња мора да мислиме, не само на тоа кој колку зема плата, туку и да покажеме солидараност.

„Намалувањето на платите е една превентивина мерка за подоцна да можеме побрзо да се вратиме во форма и да ја спасиме економијата, бидејќи без приватниот бизнис нема плата за администрацијата, но и обратно“, истакна Манчевски, додавајќи дека навистина ќе требаат сериозни напори за воопшто да се подели таа плата.
Со мерките правиме напори, но состојбата е непревидлива и ги немаме сите информации, рече Манчевски, нагласувајќи дека би бил многу среќен доколку кризата заврши за два-три месеци, но има и други сценарија, да трае многу подолго.
„Во секој случај во оваа приказна сме сите заедно, соочени со сериозна криза, можеби најголема во историјата и треба да си помагаме и да не ги ставаме личните пред заедничките интереси“, истакна Манчевски.
Мисајловски: Парите ќе станат скапи, што побрзо да се земат средства за Буџетот
Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски, пак, се согласи со Анѓушев дека се доцни со земањето средства за Буџетот.
„Постојано велевме земете средства што побрзо бидејќи парите ќе станат скапи. Сега го слушнав и поранешниот вицепремиер Кочо Анѓушев истото го кажа дека се доцни многу со земање на овие средства. Да, и јас така мислам. Но, зошто не послушаа. Зошто овие средства што побрзо не ги земат. Слушаме 400 милиони, слушаме 500 милиони, сега слушаме милијарда – кога, колку точно треба средства. Што подоцна ги земеме, тие средства на кого ќе ги дадеме“, рече Мисајловски.
Средствата, како што нагласи, ги очекуваат граѓаните и малите бизниси, кои се најголемиот мотор моментално во општеството и фактички се најголемата компанија. Упати апел до сите политички партии и до Владата дека  ВМРО-ДПМНЕ стои целосно на располагање.
„Се што можеме да помогнеме, ќе ви помогнеме. Од друга страна, ако сакате да правите политички поени само за да кажувате убави работи во јавноста и да се фалите меѓу себе не е во ред. На крајот на денот овие луѓе кои моментално се во болниците, на улиците очекуваат брзи одлуки, итни тендери, ракавици, униформи, тестови. Многу работи не се кажуваат. Граѓаните треба да ја знаат реалната слика и сите да ја сфатиме и целиот народ ќе помогне, бидејќи ова зло е насекаде за сите и против сите“, посочи Мисајловски.
економија Коронавирус Кочо Анѓушев криза Предизвици
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025

Иран: САД мора да ни ја надомести штетата пред новите преговори

July 31, 2025
ФОКУС

Честитки од државниот за Илинден

ВЕСТИ August 2, 2025

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод 2 Август, Илинден – Денот на Републиката, упати честитка до…

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Трамп ја намали царината за Македонија на 15 %

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.