Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Анкета: Грците со пореална перцепција на прашањето за името

0
By Нова ТВ on April 19, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, April 19, 2018 11:57

Половина од анкетираните Грци (50%) сметаат дека заемно прифатливо решение за името со севкупна употреба е во служба на грчките интереси, а исто толку (51%) оценуваат дека Грција не може да постигне договор без да биде вклучен термин „Македонија“ во името, покажуваат резултатите од истражувањето на јавното мислење спроведено од агенцијата ALCO за грчкиот информативен портал News247.

Како што јавува дописничката на МИА од Атина, на прашањето до анкетираните „дали сметаат дека Грција во преговорите би можела да постигне име без зборот Македонија“, 51 отсто одговараат негативно, 31 отсто позитивно, а 18 отсто не знаат или одбиле да одговорат.

Еден од двајца Грци (50%) смета дека заемно прифатливо име за севкупна употреба подобро би им служело на грчките интереси, наспроти 32% кои го одбрале одговорот дека е подобро да остане непроменет актуелниот статус. Останатите (18%), не знаеле или одбиле да одговорат.

„Важните заклучоци што произлегуваат од резултатите од истражувањето, покажуваат формирање на реална перцепција во врска со прашањето на поранешната југословенска Република Македонија, бидејќи испитаниците во мнозинство (50%) сметаат дека е во служба на грчките интереси заемно прифатливо решение, а не сегашниот статус (32%)“, пишува информативниот портал News247.

Анкетата на ALCO за News247, била спроведена од 11 до 16 април, преку телефонски интервјуа, а биле вклучени 1.000 испитаници.

Ова е второ истражување во Грција за 48 часа што покажува поразлична слика на јавното мислење во однос на прашањето за името, наспроти анкетите од изминатиот период во кои според резултатите Грците имаа радикални позиции особено во врска со употребата на терминот Македонија.

Како што завчера објави МИА, резултатите на агенцијата Palmos Analysis, во истражувањето за информативниот портал tvxs.gr (во сопственост на европратеникот од СИРИЗА, Стелиос Кулоглу), покажаа дека речиси 6 од 10 Грци се согласуваат со решение со сложено име за севкупна употреба, на македонски јазик, без превод, пропратено со промена на Уставот и прашањата поврзани со иредентизмот, додека пак 71% сметаат заемно прифатливо решение, ерга омнес им оди во прилог на грчките национални интереси.

анкета Грција јавно мислење спор за името
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.