Хилари Клинтон води пред Доналд Трамп со 11 процентни поени во трката за претседателската функција во САД, покажува анкетата на институтот Ипсос за Ројтерс.
Онлајн анкетата е извршена од понеделник до петок и покажува дека 46 проценти од потенцијалните избирачи ја поддржуваат Клинтон, 34,8 проценти се за Трамп, а 19,2 проценти не го поддржуваат ниту еден од двајцата за изборите на 8 ноември.
Предноста на Клинтон е речиси иста како и пред една недела, кога уште не беше собрала доволно делегати од прелиминарни избори за победа на номинацијата на Демократската партија.